Небесен координатен систем: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 51:
===Хоризонтски систем===
{{Главна|Хоризонтски координатен систем}}
Хоризонтскиот (алтазимутен) систем поаѓа од местоположбата на набљудувачот на Земјата, која се врти околу својата оска еднаш на [[ѕвездено време|ѕвезден ден]] (23 часа, 56 минути и 4,091 секунди) во однос на „неподвижната“ ѕвездена позадина. Поради ова местоположбата на објектот според хоризонтскиот систем е минлива, и се користи претежно за пресметување на времето на изгрев и залез, како на пр. изгрејсонце и зајдисонце. Во подалечното минатото овој систем се користел во морепловството - за утврдување на азимутната местоположба на една планета, со прецизна пресметка на времето, а оттука се наоѓала географската ширина и должина на бродот. Многу телескопи имаат алтазимутни објективистативи, но пресметката на хоризонтската положба според времето, географската положба и положбата на објектот се врши со [[сметач]].
 
===Екваторијален систем===
Ред 57:
Екваторијалниот координатен систем поаѓа од центарот на Земјата како свое средиште и го третира небото што нè опкружува како неподвижно, додека Земјата се врти околу својата оска и ние заедно со неа. Овој систем го опишува небото гледано од сончевиот систем - современите ѕвездени карти речиси без исклучок користат екваторијални координати. Ѕвездените карти на древните источни земји го користеле овој систем.
 
Екваторијалниот систем е нормален координатен систем за највеќето професионалци и многу аматери работат со телескопи со екваторијален објектицистативи што го следат движењето на небото во текот на ноќта. Небесните објекти се наоѓаат со усогласување на скалата на телескопот со екваторијалните координати на бараниот објект.
 
Доста застапен избор за полот и екваторот е постариот систем [[B1950]] и соверемениот систем [[J2000]], но може да се користат и тековни (соодветни на денот на набљудување) како при мерење на местоположбата на планета или вселенско летало. Ова понатаму се дели на средновредносни тековни координати, кои се вопросечени и ја занемаруваат [[нутација]]та, и верни тековни коордианти, кајшто се зема предвид нутацијата.