Охридска архиепископија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
во фаза на средување, планирам да ја средам да личи на енциклопедиска.
Ред 28:
=== Теории за настанокот на Охридската архиепископија ===
 
Поновата теорија за постанокот на Охридската архиепископија тврди дека таа е идентична со поранешната [[Архиепископија на Јустинијана Прима]] која била основана од [[Јустинијан I]] во 535 година, во неговото родно место. Оваа теорија се задржала доста долго време, поточно сесè до укинувањето на Охридската архиепископија (1767).
 
Во XIII век се појавила една сосема нова теорија за името и за правната положба на Охридската архиепскопија според која Архиепископијата е исто што и некогашната [[Архиепископија на Јустинијана Прима]], па затоа и привилегиите издадени од [[цар]] Јустинијан во 11 и 131 новела на [[Архиепископијата на Јустинијана Прима]] важат и за Охридската архиепископија. Оттогаш и меѓу византиските историчари од тоа време се формира мислењето дека потеклото на Охридската архиепископија се основа на 11 и 131 јустинијанова новела. Според Цахарие оваа теорија ја измислил некој клирик од Охридската архиепископија. Х. Гелцер изнел свое мислење, според него, таа се појавила некаде во средината на XII век, во времето на охридскиот архиепископ [[Јован Комнен]]. До таков заклучок дошол бидејќи [[Јован Комнен]] е прв од охридските архиепископи кој се потпишувал со титулата Архиепископ на Јустинијана Прима. Веќе 1157 година постои негов потпис.