Црква „Св. Спас“ - Скопје: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Менува: en:St Saviour's Church, Skopje
сНема опис на уредувањето
Ред 18:
 
Мотивите на иконостасот, според сликарските прирачници, се позајмени од Светото писмо. Но, декоративниот елемент на разни сцени од Светото писмо не останал никогаш осамен, сето тоа е поврзано со лисја, цвеќиња, животни, и понекогаш со мотиви на геометриски орнаменти. Така, во сплетот на лисјата, цвеќињата, животните и геометриските орнаменти, е извајана Светата легенда со ликови од народот, понекогаш во мијачка народна облека. Такав е случајот со Соломеа во сцената Иродовата гозба, или пак случајот со Аврамовата жртва во Лозјето Господово. Богатството од разновидните мотиви и композиции од билниот и животинскиот свет, проткаено со геометриски орнаменти, работени во длабок релјеф и вплетени во композициите по текстот на Светото писмо, дава на показ богатство коешто сосема личи на кујунџиските изработки. Оттука, сето тоа прилега на огромна арабеска од тантела, каде што ни еден дел од ореовината не останал необработен; се трепери, и оддалеку делува мошне пријатно, извонредно.
 
 
Престолните икони, во најголем број, се работени заедно со иконостасот, и тоа го дознаваме од натписите што се наоѓаат на некои од нив. Две престолни икони се изработени 1867 година и на нив стои записот со името на дарителот и сликарот. Под престолните икони се наоѓа еден тенок корниз завиткан како јаже, кој ги разделува престолните икони од рељефно орнаментираниот долен [[фриз]]; тука се малите поли, малите „[[китаб]]иња“. Нив ги има колку и престолните икони (десет). На нив ажурно се извајани разни сцени од [[Стар Завет|Стариот]] и [[Нов Завет|Новиот Завет]], богато преплетени со лисја, цвеќиња и животни. Овој дел покрај ажурираните столбови и лунетите (архивилите) е најизрезбарениот дел на иконостасот.
 
Во годините кога тајфата на [[Петре Гарката]] го изработила иконостасот, таа ги изработила владичкиот престол, проповедницата, проскиниторот - постолјето за целивање на икони и двата аналоја - певниците. И на иконостасот и на погоре споменатите предмети главно владее барокниот стил. Но низ него помалку или повеќе се преплетуваат и други стилови. Со старите дрворезбарски творби на средновековната уметност, со позајмување на мотиви од [[Готика|готиката]] и [[Ренесанса|ренесансната]] уметност, а потоа со натуралистички мотиви, композиции од [[рококо]] стилот и со мноштво мотиви од источната, [[Исламска уметност во Македонија|Исламска уметност]].
 
Ред 34 ⟶ 32:
[[Категорија:Стара скопска чаршија|С]]
[[Категорија:Гоце Делчев]]
[[Категорија:Храмови посветени на СветиВознесението СпасХристово во Македонија|С]]
 
[[bg:Свети Спас (Скопие)]]