Знаме на Нацистичка Германија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Undo revision 180806 by Bjankuloski06 (Talk)
Ред 3:
'''Знамето на Нацистичка Германија''' дошло од логото на [[НСДАП|Национал-социјалистичката германска работничка партија]] (НСДАП) по нејзиното основање. По назначувањето на [[Адолф Хитлер]] за [[канцелар]] во 1933, знамето станало едно од двете национални знамиња, покрај црно-бело-црвеното знаме на Германското Царство. Една година по смртта на претседателот [[Паул фон Хинденбург|Хинденбург]] во [[1934]], двојното знаме било укинато и знамето со [[свастика]]та станало националното знаме на [[Нацистичка Германија|Германија]] во [[1935]], и останало сѐ до крајот на [[Втора светска војна|Втората светска војна]] и падот на Третиот Рајх.
 
По одбивањето на многу предлози, [[Хитлер]] во ''[[Мојата борба]]'' го опишува процесот на одбирање на новото знаме: „Јас, самиот, во меѓувреме, по безброј обиди, положив конечен изглед; знаме со црвена позадина, бел круг и црна свастика во средината. По долги обиди, исто така одредив совршен размер помеѓу големината на знамето и големината на белиот круг, како и изгледот и дебелината на свастиката.“
 
На германските бродови било користено знаме со белиот круг и свастиката поместени во лево. Постои дебата околу тоа дали тоа знаме било и официјалното државно знаме од [[1935]] до [[1945]].