Ибн Араби: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Проширување
Ред 23:
 
Во истиот период, се запознал со познатиот андалузиски философ, [[Ибн Рушд]], со кого станал голем пријател. Една година подоцна, се оженил со Марјам бинт Мухамед ибн Абдун, која била многу позната и влијателна личност и му ја соопштила својата желба, да зачекори на патот на [[Суфизам|суфуизмот]]. На суфизмот му се посветил во градот [[Алмерија]], кој во тоа време бил голем духовен центар во кој се наоѓало познатото философско училште, Ибн Масара. , званично је ступио на пут [[суфизам|суфизма]].<ref name="MIZ"/>
 
=== Патувања ===
Во 1193 година, Ибн Араби го напуштил [[Принејски Полуостров|Пиринејскиот Полуостров]] и отпатувал кон [[Тунис]]. Од ова патување, тој изјавил дека се сретнал со митскиот облик на Мојсеј и духвниот водач на мистиците, [[Хидр]]. Од него лично, тој ја добил облеката на суфистите, наречена „[[хирка]]“. Закачувањето на мантилот бил свет ритуал, со кој суфистичкиот учител бил назначуван од неговиот надреден.
 
Поради тековните битки во [[Северна Африка]], одлучил уште истата година да се врати во [[Андалузија]]. Притоа, на патот кон [[Севилја]], поминал во местото [[Тарифа]], каде што дискутирал за заслугите на сиромаштијата и благосостојбата.
 
Во 1195 и 1197 година, патувал до [[Фес]], каде што неговиот углед привлекувал голем број на ученици и воодушевени слушатели. Потоа, заминал кон родната [[Мурсија]], а на патот застанал во [[Гранада]] и го посетил суфистичкото училиште во [[Алмерија]], коешто било основано од страна на [[Ибн ал-Ариф]].
 
Во 1202 година, Ибн Араби повторно заминал на пат на исток, при што ги посетил Александрија, Каиро и најпосле Мека, каде што за кратко време, низ целиот град, се раширила информацијата дека пристигнал. Таму се сретнал со вистинските личи особини на суфизмот во тоа време. Во 1205 година, заминал во [[Багдад]]. Потоа, патувал низ цел [[Египет]], за во 1207 повторно да замине во Мека.
 
Ибн Араби бил и во градот [[Коња]] (денешна [[Турција]]), каде што со неговата мудрост и духовност им оставил силен впечаток на тамошните жители. Неговиот престој во овој граде пред сè од голема важност за источниот суфизам накај [[Индија]].
 
Во 1223 година, Ибн Араби се преселил во [[Дамаск]], каде што живеел до крајот на животот во 1240 година.
 
== Наводи ==