Странски пропаганди во Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
бришење
Ред 131:
{{Главна|Католичка пропаганда во Македонија}}
 
=== Прва унијатска општина во Македонија ===
Католичката пропаганда се засилила во текот на 60-години на 19 век, во текот на антифанариотските борби. Притоа треба да се истакне дека оваа пропаганда била поставена врз верска основа, но со политишка цел. Од друга страна католичката пропаганда не преставувала ретрограден процес врз македонското националноослободително дело и не го загрозувала македонскиот национален индивидуалитет. Македонскиот народ кон католичката пропаганда преминувал, пред се, како израз на протест против Цариградската патријашија која со себе го носела и погрчувањето. Од друга страна надевајќи се на заштита на од соодветните земји. Првиот пробив во Македонија, католичката пропаганда ќе го направи во 1859 година, кога граѓаните на [[Кукуш]] со помош на францускиот конзул од Солун, побарале од [[папа]]та да стапат во духовно единство со [[Римокатоличката црква]], односно да стапат во унија, а притоа побарале да си ги запазат црковните обреди и црковно - словенскиот јазик во богослужбата.
 
Католичката пропаганда се засилила во текот на 60-години на [[19 век]], во текот на [[Борба против Цариградската патријаршија|антифанариотските борби]].
=== Католичката пропаганда 1878 - 1894 ===
 
Македонскиот народ кон католичката пропаганда преминувал, пред се, како израз на протест против [[Цариградска патријаршија|Цариградската патријаршија]] која со себе го носела и погрчувањето.
 
Од друга страна се надевал на заштита од соодветните земји.
 
Првиот пробив во [[Македонија]], католичката пропаганда ќе го направи во [[1859]] година, кога граѓаните на [[Кукуш]] со помош на францускиот конзул од [[Солун]], побарале од [[папа]]та да стапат во духовно единство со [[Римокатоличката црква]], односно да стапат во унија, а притоа побарале да си ги запазат црковните обреди и црковно - словенскиот јазик во богослужбата.
 
===Подготовка на план за дејствување и негова реализација===
 
Во [[1879]] година Ватикан ги испратил Ѓовани Батиста Вотка и Паоло Пирлинг во Македонија за да ги проучат условите за делување. Врз основа на нивните извештаи и други информации бил изработен план. Овој план предвидувал:
 
:''1. Да се преведат на народен јазик и да се отпечатат со латински букви неделните евангелија што би се читале по црквите за време на празниците.''
 
:''2. Да се популаризира Кирило-Методијевата работа и да се организира свечено прославување на илијадагодишнината од смрта на Методиј.''
 
:''3. Да се чистат весрките книги од русизми и де се заменуваат со новопечатени книги.''
 
:''4. Во Одрин да се отвори една печатница за печатење на гореспоменатите верски книги, учебници, списанија, весници, календари и др.''
 
:''5. Да се отвори една католичка богословија во Охрид, потоа една установа за женски деца во Македонија и еден факултет во Цариград за сите унијати на Балканот.''
 
Од овој план католичката пропаганда успеала да реализира голем дел, иако во изменета форма, поради притисокот на [[Цариградска патријаршија|Цариградската патријаршија]] и [[Бугарска егзархија|Бугарската егзархија]].
 
Во [[1881]] година македонското население од [[Гуменџе]] ја примило унијата со [[Рим]]. Во [[1883]] година општините во [[Струмица]], [[Дојран]] и [[Воден]] поднеле молба за прием во унијата.
 
=== Конгрегација за пропаганда на верата ===
 
{{Главна|Конгрегација за пропаганда на верата}}
 
До [[1622]] година католичката пропаганда во [[Македонија]] и пошироко била многу слаба. Но таа година во [[Рим]] преовладало езуитското влијание и папата Григориј XV нa [[11 јуни]] [[1622]] година издал була за создавање на едно тело кое станало познато како ''Congregatio de propaganda fide'' ([[Конгрегација за пропаганда на верата]]). Оваа тело било дооформено со булата на папара Урбан VIII од [[август]] [[1627]] година.
 
[[Податотека:Gregor XV.jpg|мини|десно|150п|Григориј XV ]][[Податотека:Caravaggio Maffeo Barberini.jpg|мини|десно|150п|Урбан VIII]]
 
Целта на Конгрегацијата била да се шири католичката вера и црковната власт на [[папа]]та насекаде по светот, да се подготвуваат и испраќаат мисионери насекаде каде што претходно немало католичко влијание.
 
=== Влијание во Охридската архиепископија ===
 
По создавањето на ''Конгрегацијата'' католичката пропагнада успеала да го наметне своето вилјание меѓу високото свештенство на [[Охридската архиепископија]]. Во првата половина на [[17 век]] неколку охридски архиепископи тајно ја признавале црковната власт на [[папа]]та, а меѓу нив биле Порфириј, Атанасиј, Аврамиј и Мелетиј. На [[28 септември]] [[1624]] година папата Урбан VIII испратил писмо до охридскиот архиепископт во кое било истакнато:
 
{{Цитатник|''На почитуваните браќа Порфириј Палеолог, патријарх Јустинијана Прима, на Охрид, и останатите потчинети архиепсикопи, епископи на Бугарја, Србија, Албанија и онострана Македонија. Папата Урбан VIII. Почитувани браќа поздрав итн... Издадено во Рим кај св. Марија постара под прстенот на рибарот, на ден 28 септември 1624 во првата година од нашиот понтификата'' <ref name="DZBMN"><small>''Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за философско - историски науки, Скопје, 1981''</small></ref>}}
 
{{Цитатник|''(Во писмото Урбан VIII б.н) Порфириј... и неговите архиереи ги нарекува љубени браќа, ја искажува својата радост што тој ја признал јуриздикцијата на Рим и го уверува ако со искрено срце и искрена вера се потчинува на папската власт дека бог ќе ги спаси неговите верници од ропство'' <ref name="IMN" /> }}
 
Покрај Порфириј и охридскиот архиепископ Аврамиј одржувал тајни врски со папата Урбан VIII и во текот на шест години тајно ја признавал неговата црковна власт. Папата Урбан VIII од своја страна на архиепископ Аврамиј му додоелил грамоти за западните владетели од кој Аврамиј добивал подароци. Освен архиепсикопите, тајни врски со [[Рим]] одржувале и други високи свешетници на [[Охридската архиепископија]], а таков бил и митрополитот Еремиј Пелагонски.
 
===Цел и тактика ===
 
Целта на ''Конгрегацијата'' во [[Македонија]] и пошироко била да се создаде унија меѓу православните цркви и [[Рим]], односно [[Охридската архиепископија]] да ја признае црковната власт на [[папа]]та. При остварувањето на оваа цел католичката пропаганда била внимателна и прагматична.
 
{{Цитатник|''Во богослужбата тие не само што не им противречеле на православните, туку имале инструкции да ги почитуваат догмите на источната боголсужба. Тие не го наметнувале латинскиот јазик, туку го прзинавле грчкиот и словенскиот. Така, генералот на Езуитите, Вутулески, испратил писмо во октомври 1628 година до мисионерите на Балканот, со кое им препорачува да ја чуваат грчката богослужба (православната б.н), а во едно друго писмо од 160 година истиот препорачува шизматиците (православните б.н) што сакаат да ја примаат унијата да не им се наложува латинскиот јазик'' <ref name="IMN" />}}
 
 
=== Обид за унија ===
 
Во [[1661]] година охридскиот архиепсикоп Атанасиј заминал во [[Рим]] кај папата Александар VII и дал согласност за унија меѓу [[Римокатоличка црква|Римокатоличката црква]] и [[Охридска архиепископија|Охридската архиепископија]]. Неговиот мисионер Онуфриј Констатнтин бил избран за епископ во римската грчка курија, со титулата архипископ на [[Дебар]] иако тој постојано живеел во [[Рим]]. Меѓутоа до официјална унија не дошло бидејќи високото свештенство се плашело од мерките на [[Османлиска империја|Османлиската империја]], а од друга страна правослвното население не ја прифаќале унијата. Затоа во текот на [[18 век]] доаѓа до ослабување на католичкото влијани, а во [[1767]] година била укината и [[Охридска архиепископија|Охридската архиепископија]].
 
 
=== Пад на кателичката пропаганда ===
 
По [[Берлинскиот конгрес]] доаѓа до стагнација и опаѓање на унијатската пропагнда. [[Австро-Унгарија]] не успеала да ја реализира замислената идеја за засилување на пропагандата, и по една деценија нејзините преставници во Македонија заклучиле дека унијатската пропаганада е во опаѓање а онаму каде што постои унијата, населението тоа го правело од политички цели а не од верски побуди. На 30.09.1889 година, австро-унгарскиот конзул испратил извештај во кој истакнал дека унијаската пропаганда опаѓала затоа што францускиот конзул му дозволил на рускиот преставник да дејствува против унијата, и тоа во интерес на француско-руското пријателство. Меѓутоа треба да се истакне дека тоа било точно само делумно, по формирањето на [[Бугарската Егзархија]] дел од македонскиот народ почнал да преминува под јуриздикција на Егзархијата, бегајќи од погрчувањето тие наишле на егзрхиска стапица која била поставена на словенска основа но со тенденција да бугаризира. Бугарскиот трговски агент од [[Солун]], [[Атанас Шопов]], во разговор со францускиот конзул Стег, истакнува дека е нормално откажувањето од унијата и преминувањето во Егзархијата, бидејќи унијатите не можеле да преживеат во православна провинција. Егзархијата на своите верници им забранила да даваат или земаат моми од унијатите, да венчаваат, крштеваат и обратно. [[Католичката црква]] имала слична забрана до своите верници. Од друга страна францускиот конзул Стег истакниваа дека населението во [[Македонија]] не било навикнато да први догматска разлика помеѓу унијатите и православните. Тоа само го потврдува фактот, дека [[ТМОРО]] која се зародила во егзархиската средина брзо се зацврстила и меѓу унијатите. Во 90-години на 19 век, откажувањето од унијата и преминувањето кон егзархијата станало масовна појава. Цели села се откажувале и преминувале кон егзархијата, 1894 година од унијата се откажал и самиот кукушко унијатски епископ Младенов. На 20.12.1894 година францускиот конзул во извештајот до министерството за надворешни работи истакнал дека во некое подобро време, унијатската пропаганда со друго раководство би имала успех. Притоа тој констатираал дека на 1 000 000 жители имало само 20. 000 унијати.