Пном Пен: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 118:
 
Пном Пен се наоѓа во јужниот дел на [[Камбоџа]] и е опколен од [[Кандал (покраина)|покраината Кандал]]. Општината Пном Пен се наоѓа на бреговите на реките [[Понче Сап]], [[Меконг]] и [[Басак (река)|Басак]]. Овие реки се големи извори на свежа и питка вода, но има и останати природни ресурси во градот и околината. Градот и околината се наоѓаат во регион кој е составен од тропски влажани предели. Пном Пен се наоѓа на надморска височина од околу 11.89 метри што е голем проблем за безбедноста на градот во поглед на природни катастрофи како што се [[монсун]]ските [[поплава|поплави]]. Само градското подрачје зафаќа површина од околу 375 квадратни метри каде живеат околу 2.000.064 жители.
 
== Демографија ==
 
Во 2008 година, Пном Пен имал население од околу 2.009.264 жители со густина на население од околу 5.358 жители на метар квадратен. Процентот на растот на населението на Пном Пен е проценето на околу 3.92 %.
 
Пном Пен е претежно населен од етнички [[Кмери]] кои сочинуваат околу 90% од вкупното население на градот. Покрај нив, има значително кинеско и виетнамски малцинство, но може да се забележат и останати помалубројни малцински заедници. Како и во цела Камбоџа, така и во Пном Пен, населението воглавно е [[Будизам|будистичко]], односно 90% од вкупното население на Пном Пен се будисти. Во последните години се забележува и мало зголемување на [[Христијанство|христијанското]] и [[ислам]]ското население. На национално и официјално ниво доминира [[Кмерски јазик|кмерскиот јазик]], кој е најмногу зборуван јазик во државата и градот. Покрај него, во добар дел се зборуваат и [[француски]]от и [[англиски]]от јазик.
 
== Збратимени градови ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Пном_Пен