Династија Ланкастер: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: gl:Casa de Lancaster
Нема опис на уредувањето
Ред 13:
}}
 
'''Династијата Ланкастер''' била кралска лоза на [[династија ПлагенетПлантагенет]]. За основач на династијата се смета [[Џон ГаунтГонт]], четвртиот син на кралот [[Едвард III]]. Во [[1399]] година неговиот син, [[Хенри Болингбрук]] ([[1367]]-[[1413]]) го симнал од власта својот роднина, кралот [[Ричард II од Англија]]. На тој начин се качил на тронот под името [[Хенри IV]]. Негов наследник станал [[Хенри V од Англија]] ([[1413]]-[[1422]]) кој пак бил наследен од страна на единствениот негов син [[Хенри VI]]. Во времето кога станал крал, тој бил на возраст од само десет месеци, а на негово место раководел неговиот чичко Џон. За време на [[Стогодишна војна|Стогодишната војна]], тој бил и [[крал на Франција]].
 
Во [[1461]] година Хенри бил соборен од власта, кога на чело на земјата застанала [[династија Јорк]]. Во [[1470]] година, за време на т.н. [[војна на розите]], Хенри повторно станал крал во траење од неколку месеци, пред да биде затворен во [[Лондонска кула|Лондонската кула]] и убиен. Пред ова, бил убиен и неговиот единствени син Едвард. По убиството на Хенри VI, династијата Ланкастер останала без машки наследник.