Јужна Дакота: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: bi:Saut Dakota
Нема опис на уредувањето
Ред 42:
| белешки =
}}
'''Јужна Дакота''' е сојузна држава од [[САД]], лоцирана во централниот северен дел од земјата. [[Главен град]] е [[Пиер]]. [[Маунт Рашмор]] се наоѓа во Јужна Дакота.
 
==Географија==
На север Јужна Дакота се граничи со [[Северна Дакота]], на исток со [[Минесота]] и [[Ајова]], на југ со [[Небраска]] и на запад со [[Вајоминг]] и [[Монтана]]. Државата се состои од три главни региони, источните прерии, централните големи рамнини и Црните Врвови на запад. Мисури ја сече од север кон југ.
 
==Историја==
Французите ја истражиле областа во XVIII век и им ја продале на [[САД]] во 1803 година како дел од зделката "Луизијана". Луис и Кларк на својата експедиција поминале седум недели во Јужна Дакота во 1804 година. Територијата Дакота била оформена во 1861 година, но населбите биле ретки се до Златната треска на Црните Врвови во 1875-1876 година, кога бројот на населението нагло се зголемил. Повремени војни меѓу Индијанците и белите имигранти имало се до масакрот на Повреденото Колено во 1890 година. Јужна Дакота станала 40-та држава на [[САД]] во 1889 година.
 
==Економија==
Економската основа на државата се земјоделството и сродните индустрии. Предводник е во сточарството во [[САД]], а главен земјоделски производ се житарките. Туризмот е важна гранка на економијата, а главни знаменитости се Моунт Рашмор, Националниот парк Пештера на ветерот, Националниот парк Бедлендс и Националниот споменик Пештера на накитот.
 
== Белешки ==