Виетнамска војна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с ив, кат
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
'''Виетнамската војна''' или '''Втората индокинеска војна''' беше војна помеѓу [[Северен Виетнам]] и [[Јужен Виетнам]], поддржан од [[САД]], во периодот од [[1965]] до [[1973]] година.
[[File:RAR Vietnam.jpg|thumb|Австралиски војник во Виетнам]]
 
Според многу теоретичари, позадината на '''Виетнамската војна''' е директно детерминирана од [[Франција|француското]] влијание во регионот (долго време југоисточниот дел на [[Азија]] е нарекуван [[Француска Индокина]]), како и од новонастанатата поделба во повеќе аспекти, која резултираше со формирање два реона на контрола: Северен и Јужен [[Виетнам]], во кој беа распоредени Ослободителната Армија и англо–француските трупи, соодветно. Оваа делба се случи по [[капитулација]]та на [[Јапонија]], чии трупи на Северот се предадоа на [[Кина|Кинеските]] трупи, а на југ, на [[Французи]]те и [[Велика Британија|Британците]]. Сепак, постоеше и друга основа за поделба на Виетнам, пред сѐ поради големите етнички, политички и социјални раслојувања, како и диференцирањето на едно [[малцинство]] во Југот, кое водено од материјални интереси беше прозападно ориентирано и дејствуваше како продолжена рака на колонизаторите.