Историја на Евреите во Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 17:
 
Две илјади годишната историја на Евреите во Македонија дошла до својот крај со почетокот на Втората светска војна. Во [[април]] [[1941]] година, [[Армија на Бугарија|бугарската војска]] која била сојузник на [[Силите на оската]] навлегла во Македонија и окупирала голем дел од територијата. Во тоа [[Бугарија]] видела можност да си ја зголеми територијата и вовеле построги мерки. Така, на [[4 октомври]] [[1941]], Бугарите вовеле закон со кој меѓу другото им забраниле на Евреите да бидат било како вмешани во општеството. Малку покасно, Бугарите ги собрале скоро сите Евреи од Битола и ги преместувале во посиромашни и помизерни делови за живеење.<ref name="ushmm.org"/> Наскоро во 1942 година, Бугарите во Македонија и [[Егејска Македонија]] (северна [[Грција]]) започнале со депортирање на Евреите, а оваа депортација кулминирала во [[1943]] година кога сите Евреи се испратени во нацистичките логори во [[Полска]]. Така. скоро сите Евреи од Македонија биле „збришани“, додека пак Евреите со бугарско државјанство не ги чепкале.<ref>[http://www.ushmm.org/wlc/article.php?lang=en&ModuleId=10006803 The Jewish Community of Monastir: A Community in Flux, Mark Cohen, United States Holocaust Memorial Museum]</ref>. Штип повеќе немал Евреи, а во Битола останале неколку.
Од членовите на [[СКОЈ]] во 1942 година биле уапсени и осудени на робија [[Шами Мориц]], [[Мориц Романо]], [[Виктор Пардо]], [[Аврам Анаф]] и [[Ели Фараџи]]. Борци во [[НОПО „Дамјан Груев“]] биле од самото формирање: [[Виктор Мешулам-Бустрик]], [[Јосеф Песо]] (Пепо), [[Мордо Тодолано]] (Спиро). Во одредот [[Јане Сандански (одред)|„Јане Сандански“]] биле борци (1942): [[Бено Русо]] (Коки), [[Мордехај Нахмијас]] (Лазо), [[Нисим Алба]] (Мики), [[Арон Ароести]]. Борци во единиците на НОВ од [[март]] [[1943]] биле: [[Естреја Овадија]] (Мара), посмртно прогласена за [[народен херој на Југославија|народен херој]], [[Жамила Колономос]] (Цвета), [[Адела Фараџи]] (Ката), [[Естреја Леви]] (Лена), [[Роза Камхи]], [[Самуел Садикарио]] (Мо), [[Сами Садикарио]], [[Алберт Касорла]] (Берто), [[Алберт Русо]] (Кате).<ref>''Александар Матковски, Трагедијата на Евреите од Македонија, „Гласник на ИНИ“, 1, Скопје, 1958''</ref><ref>''Ѓорѓи Ц. Димовски, Битолските Евреи, Битола, 1993''</ref>
 
== Денес ==