Синтетичка теорија на еволуцијата: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: козметички промени
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Синтетичката теорија на еволуцијата''' (скратено СТЕ, позната и како '''нова синтеза''', '''модерна синтеза''' или '''неодарвинистичка синтеза''') е современа [[Еволуција|еволуциона]] теорија која се јавува како резултат на синтетизирање на познавањата од повеќе дисциплини, пред сè, [[генетика]] и [[дарвинизам]]. СТЕ се потпира и на [[палеонтологија]]та, [[систематика]]та, [[Молекуларна биологија|молекуларната биологија]] и други биолошки науки.
 
== Појава и развиток на СТЕ ==
 
Синтетичката теорија во својата сегашна форма е образувана како резултат на преобмислувањето на некои тези на класичниот дарвинизам со позициите на генетиката од почетокот на XX век. По повторното откривање на [[Менделови закони|менделовите закони]] (во [[1901]]), доказите за дискретната природа на [[Наследност (биологија)|наследноста]] и особено по воспоставувањето на теоретската [[популациона генетика]] со трудовите на [[Роналд Фишер]] ([[1918]] - [[1930]]), [[Џон Сандерсон]] ([[1924]]) и С. Рајт ([[1931]], [[1932]]), учењето на [[Чарлс Дарвин|Дарвин]] добило силна генетска основа.