Референдум во Македонија (1991): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Бот: козметички промени
Ред 3:
{{внимание}}
{{без извори}}
== Предвечерие на Референдумот за независност ==
Референдумот во Македонија се одржа во предвечерјето на распадот на [[СФРЈ]]. Врз основа на плебисцитот од декември [[1990]] година на кој словенечкиот народ со уверливо мнозинство се определи за градење [[суверенитет|суверена]] држава и Декларацијата за независност, на [[24 јуни]] следната година [[Словенија]] прогласи независност. Веднаш по тој чин дојде до оружени конфликти меѓу [[ЈНА]] и словенечката територијална одбрана. Воениот судир заврши за триесетина дена со [[Брионска декларација|Брионската декларација]] и повлекување на единиците на ЈНА од Словенија во [[Србија]] и во [[Босна и Херцеговина|БиХ]].
 
Ред 24:
Формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на [[18 септември]] 1991 во Собранието на Република Македонија.
 
== Референдумски резултати ==
 
На гласањето, според официјалните податоци, од 1.495.626 гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас или 71,85 отсто, а од вкупниот број граѓани кои гласале на Референдумот '''позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани''' односно '''95,09 отсто''' (односно 72,16 % од вкупниот број на граѓани со право на глас). Резултатите само по себе говорат за успешноста на Референдумот. Во официјалниот извештај на Комисијата за спроведување на Референдумот се вели дека за начинот на кој беше спроведен не беа поднесени приговори или жалби поради неправилности или повреди на одредбите на Законот за републички Референдум. Комисијата ја констатираше масовноста на граѓаните со право на глас во Република Македонија кои се изјасниле "за" самостојна и суверена Македонија.
Ред 32:
Во меѓувреме и информираше и [[Радио Скопје]]: ''"Македонија денеска за нашето утре гласаше вака: [[Берово]] до 19 часот 95,47 насто, [[Битола]] до 17 часот 70 насто, [[Валандово]] до 15 часот 70 насто, [[Виница]] до 19 часот 93,26 насто, [[Гевгелија]] до 19 часот 87 насто, [[Гостивар]] до 19 часот 30,3 насто, [[Дебар]] до 14 часот 30 насто, [[Делчево]] до 19 часот 93,30 насто, [[Демир Хисар]] до 19 часот, 90 насто, [[Кичево]] до 17 часот 28 насто".''
 
== Политички импликации ==
 
Масовен беше одзивот и на Македонците во дијаспората, во [[САД]], [[Канада]] и во [[Австралија]] каде што гласањето беше извршено предвреме, а на повеќе места е констатирано дека сите гласачи се изјасниле позитивно.
Ред 38:
Во деновите пред Референдумот беа упатени повици до сите политички лидери и до граѓаните да одат да го дадат својот глас. Повикот беше прифатен од сите, освен од партиите на албанската националност кои повикаа на бојкот, тврдејќи дека [[Албанци|Албанците]] се обесправен народ. Така, граѓаните од албанска националност го бојкотираа Референдумот и одбија на демократски начин да се изрази волјата на албанското малцинство во Македонија.
 
== Види исто така ==
* [[Избори во Република Македонија]]
[[Категорија:Избори во Република Македонија| 1]]
 
[[Категорија:Избори во Република Македонија| 1]]
[[Категорија:1991 во Република Македонија]]