Плаошник: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: козметички промени
Ред 10:
На 11 август 2002 година свечено бил осветен новоизградениот храм [[Светите Климент и Пантелејмон]], кој всушност претставува реплика на Светиклиментовата црква, изградена на истите темели. Црквата била урната во периодот на [[Отоманско царство|Отоманското владеење]] и на нејзината основа била изградена џамија. По реставрацијата во 2002, по 530 години, овде повторно се пренесени моштите на св. Климент Охридски кои во меѓувреме биле сместени во црквата [[Света Богородица Перивлепта]] во Охрид.
 
== Црква Светите Климент и Пантелејмон ==
{{main|Светите Климент и Пантелејмон}}
 
Ред 17:
Светиклиментовиот гроб во новиот храм е на старата гробна конструкција, целиот под стакло, а над него има саркофаг од мермер во кој се наоѓа ковчежето со моштите на свети Климент.
 
== Светиклиментов универзитет ==
 
Во манастирот околу црквата во времето на Св. Климент се наоѓала [[Охридската школа]], жариште на словенската писменост и култура. Овде Климент Охридски, прв писател меѓу македонските Словени, ги составувал своите литературни творби, меѓу кои и [[Похвала на Кирил Филозоф|Пофалното слово за Кирил]], ремек-дело на средновековната словенска книжевност.
Ред 23:
Во тек е (2008) проект за обновување на Светиклиментовиот универзитет кој треба да претставува реминисценција на Светиклиментовото време и дух во модерно значење. За таа цел, во 2007 е формиран Одбор за возобнова на Светиклиментовиот универзитет, составен од еминентни научници, црковни и официјални лица, кој раководи со проектот. По целосното археолошко истражување, ќе се изградат нови објекти во кои ќе биде сместена голема библиотека, [[Галерија на икони-Охрид|Галеријата на икони]], како и старите ракописи од Музејот и завод - Охрид и од други културни и научни центри, а еден дел објекти ќе и бидат доделени на [[МПЦ]]. Универзитетот треба да биде спој на световното и сакралното. Според планот, проектот треба да биде завршен во 2009-та година. <ref>[http://www.culture.in.mk/story_mk.asp?id=18126&rub=43 Култура во Македонија: Конституиран Одбор за возобнова на Светиклиментовиот универзитет]</ref>
 
== Археолошки истражувања ==
 
Археолошки истражувања на Плаошник се вршени повремено во текот на 20. век, а од 1999, се вршат континуирано и систематично. Главно наодите можат да се поделат на пред-климентов период кој го опфаќа периодот од праисторијата до 9.век, и климентов период кој започнува од 893. година кога Св. Климент Охридски ја изградил црквата Свети Пантелејмон, па сѐ до заземањето на Охрид од страна на [[Отоманското царство|турците]] во 15. век.
 
=== Климентов период ===
 
Народното предание дека на ова место постои Климентова црква и неговата гробница, било потврдено по првите археолошки ископувања во 1943 година, кога проф. [[Димче Коцо]] ги открил темелите на Климентовата црква и во исто време и гробницата на св. [[Климент Охридски]]<ref>[http://www.360macedonia.com/macedonia/mk/vrdetails.php?vr_ID=50 360° Македонија - Плаошник]</ref>. Врз темелите на ранохристијанската базилика, од која се зачувани остатоци, била изградена црква со триконхална форма (лист на детелина), архитектонски облици какви што биле негувани во IX век во [[Византија]]. Црквата била обновена во XII век, а потоа уште еднаш во XIII век. Понатака кон оваа црква биле доградувани капели, а во XIV век припрата и надворешна припрата со камбанарија. Фреските од првобитната Климентова црква од IX век не се зачувани. Фрагментите на пронајдените фрески, во текот на археолошките истражувања, им припаѓаат на три различни периоди на обновувањето и проширувањето на Климентовиот манастир. По доаѓањето на Османлиите, Климентовата црква била претворена во џамија, позната под називот Имарет џамија, која повеќе не постои.
Ред 39:
Во моментов (август 2008) во тек се истражувања на конаците на манастирот и [[Климентовиот универзитет]] кои се наоѓале во близина на црквата.
 
=== Предклиментов период ===
 
Во 2008 година откриен е гроб на покојничка од висок општествен ранг од железното време. Се проценува дека откритието датира од преминот на осмиот во седмиот век пред нашата ера и станува збор за оставнина на [[Енгелани]]те, кои во тоа време ја населувале западна Македонија. Гробницата се разликува од сличните откритија пронајдени на археолошките локалитети во источниот дел на Македонија по бројноста на зачуваните артефакти. Телото на покојничката било закопано со бронзена лентеста дијадема поставена на главата на починатата, потоа бронзен појас со трилисни украсни додатоци, масивни бронзени белегзии и други украси.<ref>[http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=13061 Кирилица: На Плаошник откриена покојничка од железно време]</ref>
Ред 52:
Во Доцната антика, пак, на Плаошник, почнуваат да никнуваат ранохристијански базилики. Откриени се две монументални ранохристијански базилики - поликохалната црква во северниот дел и тробродната монументална базилика која се наоѓа околу самата Светиклиментова црква. Со овие истражувањa се откри и трета базилика чии основи поминуваат под патеката која што води до куќата на владиката Тимотеј, во близина на Плаошник.<ref>[http://www.culture.in.mk/story_mk.asp?id=25154&rub=43 Култура во Македонија: Нови наоди на Плаошник]</ref>
 
== Референци ==
{{Commons|Category: Plaošnik}}
{{reflist}}
 
[[Категорија:Значајни археолошки локалитети (Република Македонија)]]
[[Категорија:Охридски знаменитости]]