Спас Угринов
Спас Угринов ( роден во Влахи, Пиринска Македонија, Бугарија — ) — македонски борец за човекови права, активист за обединета и независна Македонија. Жртва на комунистичкиот режим во Бугарија.[1]
Спас Угринов | ||
Роден | Влахи, Пиринска Македонија, денеc Бугарија | |
---|---|---|
Националност | Македонец |
Животопис
уредиБил предан јатак, помагал во криењето на четата на Герасим Тодоров. Бил осуден на дванаесет години строг темничен затвор. Во логорите на смртта одлежал околу осум и пол години. Во текот на рацијата, му биле одземени шеесетина златни монети, под обвинение дека тие пари биле за "бандата". Заради тие жолтици најмногу бил измачуван од Илија Ангелов и Илко Ачов од село Оштава.[1]