Соња Алис Селма Тони Зиман (родена на 8 февруари 1926 во Ајхвалде во близина на Берлин) — германска глумица, танчарка и пејачка. Во 1950-ти години, честопати била споменувана заедно со нејзиниот колега Рудолф Прак. Таа била сметана како една од најпопуларните и најобожаваните глумици во Германија. Меѓу нејзините најголеми успеси се „Девојката од црната шума“ и Пустелијата е зелена.

Соња Зиман

Приватен живот

уреди

Зиман се омажила трипати. Првиот брак со Рудолф Хамбах. Заедно биле помеѓу 1953 и 1956 година и заедни имале еден син, кој починал во 1970 година на возраст од само 16 години од тумор. Од 1961 до 1968 година била во брак со полскиот писател Марек Хуласко. Нејзиниот трет брак со глумецот и режисер Чарлс Регние траел од 1989 до смртта на Регние во 2001 година.

Соња Зиман живее во Тегернзе во Баварија и во Сент Мориц. Во 2006 година, по многу години, таа се појавила на ток-шоу, шоу Бекман. Во 2011 година била интервјуирана за документарецот Гермејн Дамар - Танцувачката ѕвезда.

Надворешни врски

уреди