Сојузни извршни оддели на САД
Сојузните извршни оддели на САД се главните единици на извршната гранка на сојузната влада на САД. Тие се аналогни на министерствата, кои се вообичаени во парламентарните или полупретседателските системи (САД имаат претседателски систем), но за разлика од нив одделите се под раководство на претседателот на владата, кој исто така е и шеф на државата. Денес постојат 15 извршни оддели во САД.
Раководителите на извршните оддели го добиваат називот секретар на соодветниот оддел (на пример: Секретар на Финансии), освен раководителот на Одделот за правда кој се нарекува јавен правобранител. Раководителите ги именува претседателот на САД и стапуваат на функцијата по потврда од Сенатот. Сите раководители на извршните оддели се и членови на Кабинетот на Соединетите Држави, извршен орган кој практично служи како советодавно тело на претседателот.
Најстариот извршен оддел е Стејт департментот, кој е создаден во јули 1789 година, како надлежен за надворешните работи. Покрај овој оддел, останатите 14 оддели кои денес постојат се: Финансии; Одбрана; Правда; Внатрешни работи; Земјоделство; Трговија; Труд; Здравје и човечки услуги; Домување и урбан развој; Транспорт; Енергија; Образование; Односи со ветераните, и Домашна безбедност.