Состојба на морето
Состојба на морето, во океанографијата, е општата состојба на слободната површина на голема водена површина - во однос на ветерните бранови - на одредена локација и одреден момент. Состојбата на морето се карактеризира со статистика, вклучувајќи ја висината на бранот, честотата и ветерните бранови. Состојбата на морето варира со текот на времето, бидејќи се менуваат условите на ветрот. Морската состојба може да се процени или од искусен набљудувач (како обучен морнар) или со користење на инструменти како метеоролошки пловки, радари за бранови или сателити со далечинско набљудување.
Во случај на мерење со пловци, статистиката се одредува за временски интервал во кој состојбата на морето може да се смета за константна. Ова времетраење треба да биде многу подолго од поединечниот период на бранови, но пократко од периодот во кој може да се очекува дека условите на ветрот и набраздата значително ќе се разликуваат. Вообичаено, записите од сто до илјада периоди на бранови се користат за одредување на статистиката на брановите.
Големиот број на променливи вклучени во креирањето и опишувањето на состојбата на морето не може брзо и лесно да се сумираат, па затоа се користат поедноставни скали за да се даде приближен, но концизен опис на условите за известување во дневникот на бродот или сличен запис.
Шифра на состојба на морето на Светската метеоролошка организација
уредиСветската метеоролошка организација (СМО) има свои кодови за состојба на морето, кои се во голем дел преземени од Дагласовата морска скала.
Поврзано
уредиГалерија
уреди-
Состојба на морето, опсег 5 и 8
-
Зима, Северен Атлантик - Вода над палубата, бура со огромни бранови (1958)
-
Графички приказ на кодовите за состојба на морето, описи и височини на бранови во метри, на СМО
Литература
уреди- Bowditch, Nathaniel (1938), American Practical Navigator, H.O. publication No. 9 (revised. изд.), United States Hydrographic Office, OCLC 31033357
- Faltinsen, O. M. (1990), Sea Loads on Ships and Offshore Structures, [Cambridge University Press], ISBN 0-521-45870-6