{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/Предлошка:Автотаксономија/Соријатитан|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}

Соријатитан („Сорија титан“) — род на брахиосауридски сауроподски диносаурус кој живеел за време на раната креда на територијата на денешнаШпанија . Познат е од еден вид, S. golmayensis, пронајден во формацијата Голмајо.[1] Живеел пред 138 и 130 милиони години и бил идентификуван од тим палеонтолози во Шпанија.

Соријатитан
Soriatitan golmayensis
Научна класификација [ у ]
Непознат таксон (попр): Соријатитан
Вид: Соријатитан
Научен назив
Соријатитан
Рохо-Торес, 2017

Откривање и именување

уреди

Единствениот познат примерок на Соријатитан, S. golmayensis, бил откриен во формацијата Голмајо во провинцијата Сорија , Шпанија. Материјалот е пронајден во наоѓалиштето Зоралбо 1 сместено во близина на Голмајо. Ископувањето започнало во 2000 година од страна на тим палеонтолози од провинцијата Сорија, а подготовката започнала во 2009 година, потпомогната од Фондацијата Динополис .[2]

Опис

уреди
 
Големина на Soriatitan golmayensis во споредба со човекот

Познатиот материјал на S. golmayensis (MNS 2001/122 ) се состои од еден заб, три грбни пршлени со ребра, делумна крсна коска, два каудални ’рбетници, еден шевронен, рамена коска, улна, полупречник, фрагмент од препонска коска и делумна бутна коска. Се проценува дека бил долг 43–46 стапки (13–14 метри) и проценета тежина од околу 8 тони. 

Кладистичката анализа го идентификувала познатиот материјал како припадник на Брахиосауридите во рамките на Титаносауриформа. Познатиот материјал споделува слични одлики и со европските и со северноамериканските брахиосауриди. Има слични предни-средни опашки нервни кичми како Сидаросаурус, Таставинсаурус и Вененосаурус, и проксимодистално права странична маргина помеѓу проксималната глава и вратилото. Фосилизираните остатоци од растенија што живееле истовремено со Соријатитан укажуваат на тоа дека тој живеел во суптропска клима во пејзаж во кој доминирале четинари, што би бил неговиот главен извор на храна.

Откривањето на С. golmayensis, укажува на тоа дека имало присуство на брахиосауриди во периодот на раната креда и во Северна Америка и Европа, како поддршка на хипотезата за врска меѓу тектонските плочи на овие континенти во одреден момент за време на раната креда. S. golmayensis е единствениот познат брахиосарид опишан од рана креда во Европа. До ова откритие се сметало дека брахиосауридите исчезнале во Европа пред околу 130 милиони години.[3]

Наводи

уреди
  1. Royo-Torres, R.; Fuentes, C.; Meijide-Fuentes, F.; Meijide-Fuentes, M. (2017). „A new Brachiosauridae Sauropod dinosaur from the lower Cretaceous of Europe (Soria Province, Spain)“. Cretaceous Research. 80: 38–55. doi:10.1016/j.cretres.2017.08.012.
  2. „Soriatitan, un nuevo gran dinosaurio saurópodo español“. Fundación Conjunto Paleontológico de Teruel. Посетено на 2018-01-04.
  3. Georgiou, A. „New 14-metre long dinosaur species discovered in Spain“. International Business Times. Посетено на 2018-01-04.

Надворешни врски

уреди