Сончева бура

појаснителна страница

Сончева бура е вознемирување на Сонцето, кое може да се прошири низ хелиосферата, и да влијае на целиот Сончев Систем, опфаќајќи ја и Земјата и нејзината магнетосфера. Сончевата бурата на краток рок влијае врз времето во вселената, и се појавува во долгорочни циклуси кои ја менуваат климата во вселената.

Видови

уреди

Во сончеви бури се вбројуваат:

Влијание врз земјата

уреди

Штетното зрачење од соларните бури не може да пројде низ Земјината атмосфера за физички да влијае врз луѓето на Земјата, меѓутоа, кога се доволно интензивни, бурите можат да ѝ пречат на атмосферата во слојот каде што патуваат комуникациските сигнали.[1]

Силните сончеви бури се јавуваат еднаш на 80-100 години и да траат неколку месеци; и можат да предизвикаат прекини во Интернет комуникацијата. Истражувачите навеле дека евентуални сончеви бури нема подеднакво да влијаат на континентите. Според нив поголем ризик за интернет инфраструктурата има на повисоките географски широчини, над Екваторот, би се прекинала интернет комуникацијата меѓу САД и Европа, а Азија најверојатно ќе остане поврзана.[2]

Интензивната геомагнетски бури од Сонцето би можеле да предизвикаат нарушување на електро-дистрибутивните мрежи, сателитските и комуникациските системи, ГПС-технологијата, радарските системи и системот за навигација. Ваквите бури најверојатно би влијаеле и врз метеоролошките параметри и формирањето на временските услови.[1]

Посилни забележани сончеви бури

уреди

Бурата од 1859 предизвикала хаварија во телеграфскиот систем во Европа и Северна Америка, а поларната светлина можела да се види сѐ до Карибите.[1]

Бура со помал интензитет имало во 1921 (позната како супер бура на њујоршката железница во која имало прекини во железничкиот и поморскиот сообраќај)[3] и во 1960 година, кога било забележано пореметување на радио сигналите.

Геомагнетската бура од март 1989 ја исклучило електричната струја во цел Квебек. Сончевата бура од 2003 година предизвикала нарушувања во јапонската вселенска програма,[3] повеќечасовен прекин на струјата во Шведска, откажување на европскиот радарски систем и загуба на истражувачкиот сателит „Мидори2“.[4]

На 23 Јули 2012 била забележана сончева супербура (појава на сончев блесок, коронално исфрлање, и електромагнетни честички едновремено), но нејзината тракторија за малку ја одминала Земјата.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 info@fakulteti.mk, Fakulteti mk-. „НАСА снимила Сончеви бури - деновиве се очекуваат и геомагнетни бури“. fakulteti.mk. Посетено на 2021-11-21.
  2. „Ни се заканува „интернет апокалипса" поради сончеви бури“. Centar.mk - Вести, бизнис, забава, спорт... 2021-09-13. Посетено на 2021-11-21.
  3. 3,0 3,1 Skopje24 (2021-10-19). „Следната сончева бура може да создаде „интернет крах". Архивирано од изворникот на 2021-11-21. Посетено на 2021-11-21.
  4. Welle (www.dw.com), Deutsche. „Сончева бура ја зафати Земјата | DW | 15.07.2012“. DW.COM. Посетено на 2021-11-21.