Сонце во очите
„Сонце во очите“ (италијански: Il sole negli occhi) е италијански филм од 1953 година, во режија на Антонио Пјетранџели (Antonio Pietrangeli) според сценариото на Пјетранџели, Сузо Чеки Д'Амико (Suso Cecchi D'Amico) и Лучио Батистрада (Lucio Battistrada). Главните улоги ги толкуваат: Габриеле Ферцети (Gabriele Ferzetti), Ирене Галтер (Irene Galter) и Пина Ботин (Pina Bottin).[1]
Содржина
уредиОткако останува без родителите, младата и срамежливата Челестина го напушта родното село и заминува во Рим за да работи како домашна помошничка. Поради нејзиното неискуство и наивноста, таа често ги менува работодавачите. Додека се сели од едно во друго семејство, таа се спријателува со другите слугинки и се заљубува во згодниот водоинсталатер Фернандо...