Солсбериската катедрала од ливадите
„Солсберската катедрала од ливадите“ (англиски: Salisbury Cathedral from the Meadows) е слика од уметникот Џон Констабл насликана во 1829, една година по смртта на неговата сопруга. Подоцна тој кон сликата додал и стихови од делото „Годишните времиња“ од поетот Џејмс Томсон (XVIII век) кои го разоткриваат значењето на сликата: дека виножитото е симбол на надежта по бурата следејќи по смртта на младата Амелија во рацете на нејзинот љубовник Келадон.
Творец | Џон Констабл |
---|---|
Година | 1829 |
Вид | Масло на платно |
Димензии | 151.8 см × 189.9 см |
Место | Национална галерија, Лондон |
Оваа слика претставува личен израз на турбулентните чувства и променливите умствени состојби на сликарот. Некои ја имаат толкувано сликата и на политички начин, едно од кои толкувања е судирот на природата и индустријализацијата претставен преку судирот на елементите.
Некои симболи во сликата:
- Надгробен споменик: симбол на смртта
- Јасен: симбол на животот
- Црква: симбол на вербата и воскресот
- Виножито: симбол на обновен оптимизам