Црква „Собор на сите македонски светители, Св. Ѓорѓи Победоносец и Св. Сисој Велики“ - Тетово
Оваа статија или поднаслов содржи информации кои се однесуваат на очекувани или планирани настани. Содржи информации од шпекулативна природа, чија содржина може да значително да се измени како што ќе наближува моментот на случување на настанот. |
Собор на сите македонски светители, Свети Ѓорѓи Победносец и Свети Сисој Велики — црква во план во рамничарскиот дел на Тетово. Иницијативата и проектите за оваа црква датираат до 2007 година. Таа треба да биде во старовизантиска македонска архитектура, градена во дел каде што нема цркви, а во кој градот одамна е проширен. Сите постојни пет цркви се наоѓаат во горниот дел од градот, од каде што населението постепено се раселувало. Во почетокот точната локација била во паркот „Жена-борец“, кај автобуската станица.[1] Ваквото барање било поднесено до општинските органи, од каде што требало да се добие маркица. Се планира целиот комплекс да има околу 4.000 квадратни метри на кои да се подигне црква од 200 квадратни метри, како и други објекти својствени за православни светилишта. Првите преднацрти содржат уредени алеи, шеталишта, услови за духовен мир и одмор, како и за семејни верски обреди од помал карактер. Прелиминарните пресметки се дека се работи за инвестиција од околу еден милион евра, а парите сукцесивно би се собирале од граѓаните во вид на самопридонес, но и со учество на иселеништвото, на стопанственици, стопански капацитети и други дарители. Според втората верзија, која е понудена од општинските власти, локацијата на црквата би била во станбениот блок 29, на просторот меѓу големата спортска сала и објектите за технички преглед на возила.[2]
Собор на сите македонски светители, Свети Ѓорѓи Победносец и Свети Сисој Велики
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Тетовско-гостиварска |
Архијерејско намесништво | Тетовско |
Местоположба | |
---|---|
Место | Тетово |
Општина | Тетово |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Сите македонски светители, Свети Ѓорѓи Победносец и Свети Сисој Велики |
Архитектонски опис |
Наводи
уреди- ↑ „СЕ ГРАДИ НОВА ЦРКВА ВО ТЕТОВО ВРЕДНА ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА“. Панорама. 12 октомври 2008. Архивирано од изворникот на 2012-05-02. Посетено на 2011-09-10.
- ↑ „Тетово ќе добие нов православен храм по 80 години“. Премин. 2008-12-27. Посетено на 2011-09-10.
Надворешни врски
уреди- Новата црква во Тетово остана само желба - Утрински Весник (сабота, 18 јуни 2011)
- Проектот за изградба на новата црква во Тетово е заглавен во бирократските лавиринти Архивирано на 4 март 2016 г. - ТВ Кисс (6 ноември 2008)
Оваа статија црква во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |