Соба на загатки, соба со загатки или соба за бегство (англиски: Escape room) — умствена игра во која играчите се затворени во соба од која мораат да избегаат во одреден временски рок со наоѓање предмети и решавање загатки.[1] Некои членови на жанрот, исто така, вклучуваат детективски или друг заплет за внесување на играчите во единствена атмосфера.[2]

Соба на загатки во Франција

Собите на загатките се развивале паралелно во Европа и Азија. Собите на загатките постојат во Јапонија, Хонгконг и Кина од 2007 г. Постојат соби на загатки и во Македонија.[3]

Овој вид игра е вдахнат од видео/електронските игри од видот „escape the room“, каде играчот е заклучен во соба и мора да ја истражува околината за да најде начин да избега. Различни криминални и авантуристички филмови и книги, како и други друштвени игри се исто така вдахновение. Поединечните соби на загатки се одликуваат со разновидни теми и можат да се сместат во различни историски епохи и опкружувања.

Наводи

уреди
  1. Hall, L.E. (2021). „The 2010s to Now: The Rise of Escape Room Games“. Planning Your Escape. Simon & Schuster. ISBN 9781982140342.
  2. „Соба за бегство (Escape room)“. Научи информатика. 2020-03-04. Посетено на 2024-06-21.
  3. Kreativa, I. F. „The Cube Escape Room Skopje“. The Cube escape room. Посетено на 2024-06-21.

Надворешни врски

уреди