Снегоодалка

(Пренасочено од Снегоодалки)

Снегоодалка или снежницаобувка за одење по снег. Снегоодалката функционира со распределба на тежината на лицето на поголема површина, така што ногата на лицето нецелосно тоне во снегот, особина наречена „флотација“. Снегоодењето е форма на пешачење.

Чифт современи снегоодалки
Традиционална снегоодалка

Традиционалните снегоодалки имаат дрвена рамка на која се оптегнати кожени жици. Некои современи снегоодалки се слични со традиционалните, но повеќето се направени од материјали како што се лесни метали, пластика и синтетички ткаенини. Освен распределбата на тежината, снегоодалките генерално се подигнати на прстите за полесно маневрирање. Тие не смеат да лепат снег, затоа се користи решетката, и потребно е да се врзат за да се закачат на нозете.

Во минатото, снегоодалките биле основни алатки за крзноловците, стапичарите и секој чиј живот или жиевеење зависело од способноста да се движи во областите на длабоки и чести снежни врнежи. Тие остануваат неопходна опрема за шумарите и други кои мора да бидат во состојба да се движат во области недостапни за моторизирани возила кога снегот е длабок. Сепак, снегоодалките денес главно се користат за рекреација, првенствено од страна на туристите и тркачи кои сакаат да го продолжат своето хоби во зима. Снегоодењето е лесно да се научи и во соодветни услови е релативно безбедна и евтина рекреативна активност. Сепак, снегоодењето на замрзнати, стрмни терени може да биде опасно.

Надворешни врски

уреди