Смртта на војводата Пријезда
Смртта на војводата Пријезда (српски: Смрт војводе Пријезде) - српска епска (јуначка) песна.
Содржина
уредиТурскиот цар Мехмед често праќа писма до војводата Пријезда од градот Сталаќ, барајќи да му ги даде сабјата, коњот и жената. Војводата храбро го одбива барањето така што царот собира војска која три години безуспешно се обидува да го освои градот. Едно утро, сопругата на војводата ја гледа матната Морава и го предупредува својот маж дека турската војска ќе го освои градот. По црковната служба, војводата Пријезда ги собира соработниците со предлог да извршат јуриш на турската војска. Додека тие се гостат, во подрумите на војводата Пријезда веќе навлегле јаничарите. Тогаш, војводата Пријезда ја напаѓа турската војска при што во борбата гинат 60 војводи и илјадници турски војници. Тогаш, војводата се враќа во градот, го убива коњот и ја крши сабјата, а тој и сопругата скокаат од тврдината во Морава. Така, иако царот успева да го освои градот Сталаќ, тој не добива ништо од посакуваното, а од почетната триилјадна војска се враќа само со 500 преживеани.[1]
Осврт кон песната
уредиПесната за војводата Пријезда е најубава химна за човечката слобода и достоинство. Тој умира за да не се посрамоти предавајќи му ги на непријателот коњот, сабјата и жената кои ги сфаќа како составни делови на својата слобода, а истото мислење го дели и неговата сопруга Јелица која со едноставни зборови, како нешто што се подразбира самото по себе, искажува најблагороден хероизам кажувајќи дека посакуав со него чесно да умре, отколку срамно да ги љуби Турците. Главната порака од оваа песна е дека не постои делумна слобода, зашто таа е или цлеосна или не постои.[2]