Смиља Мучибабиќ
Смиља Мучибабиќ (Smilja Mučibabić),(14 октомври 1912, Мостар – 12 август 2006, Сараево) — босанско-херцеговски биолог. Таа била една од најистакнатите билози во поранешна Југославија во 20 век.[1]
Смиља Мучибабиќ | |
---|---|
Роден(а) | 14 октомври 1912 Мостар, Автроунгарија |
Починал(а) | 12 август 2006 Сараево, Босна и Херцеговина | (возр. 93)
Државјанство | Босна и Херцеговина |
Полиња | биологија – екологија |
Установи | Универзитет во Сараево |
Образование | Универзитет во Кембриџ |
Познат по | Основач на Фактултетот за науки во Сараево |
Биографија
уредиСмиља Мучибабиќ е родена во Мостар, на 14 септември 1912 година, каде се стекнува со основно и средно образование. Од 1930 до 1934 година студирала биологија на Филозофскиот факултет во Белград. Тогаш Мостар бил во Австроунгарското Царство.
Пред Втората светска војна била професор во Велико Градиште, а потоа и во Сремски Карловци. Како член на група прокомунистички активисти, таа била уапсена и однесена во германскиот логор Јанкомир во близина на Загреб, а подоцна и во затворот на Савската цеста каде била задржана до крајот на војната во 1945 година.
Првите години по воените денови, Смиља Мучибабиќ се вратила во Крапина и работела во средно училиште до крајот на учебната 1945/1946 година. Таа била префрлена во Училиштето за наставници во Мостар.[2] Следната година, како искусен професионалец, таа била назначена за директорка на оваа гимназија. Било забележано нејзиното успешно управување со Гимназијата и нејзината грижа за унапредување на наставата и добила бројни награди и признанија.
Во есента 1949 година станала професор при Вишото педагошко училиште во Сараево. Таа работела таму сè до основањето на Катедрата за биологија на Филозофскиот факултет во Сараево (1954). Потоа била испратена во Зоолошкиот институт на Природно-математичкиот факултет во Белград. Две години работела на отворање и пуштање во употреба на новоформираната Катедра за биологија во Сараево.
Таа добила стипендија од британски совет на Универзитетот во Кембриџ. Две години работела на докторска дисертација во протозоолошка екологија. На Смиља Мучибабиќ и било дозволено да ја брани докторската теза по две години.[3][4][5]
Наводи
уреди- ↑ Redžić S. 2007: In Memoriam – Professor dr. Smilja Mučibabić. Arch. Biol. Sci, Belgrade, 59(2): 159-161.
- ↑ „Iz tiska je izašla monografija o Učiteljskoj školi Mostar“. Архивирано од изворникот на 4 March 2016. Занемарен непознатиот параметар
|langauge=
(се препорачува|language=
) (help) - ↑ Mucibabic S. 1957. The growth of mixed populations of Chilomonas paramecium and Tetrahymena pyriformis. J. Gen. Microbiol. 16: 561-571.
- ↑ - Chilo+ patula
- ↑ [1] Chilo