Случајот Моро (филм)

филм

Случајот Моро (ит. Il Caso Moro) е италијански филм од 1986 година. Филмот е во режија на Џузепе Ферара (ит. Guiseppe Ferrara), а сценариото го напишале Роберт Кац (ит. Robert Katz) и Армениа Балдучи (ит. Armenia Balducci) Главните улоги ги играат Џан Марија Волонте (ит. Gian Maria Volonti), Матиа Сбраџа (ит. Mattia Sbragia), Бруно Занин (ит. Bruno Zanin) и Консуело Ферара (ит. Consuelo Ferrara).

Случајот Моро (1986) - Матиа Сбраџа
Случајот Моро (1986) - Матиа Сбраџа

Заплет

уреди

На 09.05.1978 г. трагичната епизода на киднапирањето на Алдо Моро доживеа кулминација со убиството на главниот лик од страна на Црвените Бригади, по 55 дена заточеништво.

Филмот има намера да го реконструира периодот кога за првпат по толку години политичка борба комунистичката партија на Италија требаше да оствари парламентарно мнозинство, искажувајќи ѝ доверба на владата на Андреоти. Овој период е обележан од страшна вознемиреност, длабоки раздори помеѓу одделните партии, меѓу оние кои се залагаа за стабилност и заштита на институциите и оние кои беа на располаѓање за преговори за негово ослободување.