„Службена положба“ (српски: Службени положај) — југословенски филм од 1964 година, во режија на Фадил Хаџиќ. Главните улоги ги играат: Воја Мириќ, Оливера Марковиќ, Милена Дравиќ и Стево Жигон.[1]

Синопсис

уреди

Во филмот е прикажана полемиката во една редакциска соба во врска со работата на еден комбинат. Неколку службеници во комбинатот применуваат демагошки форми на раководење за да остварат лична материјална корист. Низ приказот на нивните активности се откриваат причините за незаконските појави, проневерите и личните драми што се случуваат во претпријатието. Шивачката Марија (ја игра Марковиќ), која е на чело на самоуправната организација, открива дека комерцијалнито директор Радман (го игра Мириќ) и финансискиот директор Јовиќ (го игра Потокар) извршиле проневера. Таа му кажува на главниот директор Бошњак, кој е чесен функционер и поранешен партизан. Меѓутоа, Радман го уценува Бошњак користејќи го тоа што личниот автомобил на директорот е купен на трошок на претпријатието, па така и тој е компромитиран. Младата рааботничка Зора (ја игра Дравиќ), која Радман неодамна ја завел, ја согледува неговата нечесност и почнува повеќе да го цени возачот Драгец (го игра Бобан), кој се интересира за неа.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди