Сложена реченица во македонскиот јазик

Сложената реченица во македонскиот јазик е синтаксичка единица што содржи најмалку два прирока, а како резултат на тоа реченицата има две реченици поврзани меѓу себе според контекстот на истите. Односот на речениците во рамките на една сложена реченица може да биде од два вида, односно ако двете реченици не зависат една од друга тогаш тие се нарекуваат независноложени реченици. Од друга страна пак, ако едната реченица биде поставена во зависен однос кон другата реченица тогаш таа реченица е зависносложена реченица. Одделните реченици што влегуваат во состав на една сложена реченица се нарекуваат дел-реченици.[1]

Сложените реченици исто така може да се поделат и врз основа на тоа дали содржат сврзници или не. Така, тие реченици што содржат сврзници и сврзувачки зборови се нарекуваат сврзнички или синдетонски реченици, додека тие што не содржат се нарекуваат бесврзнички или асидентонски реченици. Понекогаш не може јасно да се одреди една реченица во кој тип спаѓа поради самата природа на истата.[1]

Видови сложени реченици

уреди

Сложените реченици во македонскиот јазик се делат на независносложени и зависносложени реченици.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Бојковска, Стојка; Лилјана Минова - Ѓуркова, Димитар Пандев, Живко Цветковски (декември 2008). Саветка Димитрова (уред.). Општа граматика на македонскиот јазик. Скопје: АД Просветно Дело. стр. 296–297. ISBN 978-9989-0-0662-7 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Поврзано

уреди