Проста реченица во македонскиот јазик
Проста реченица е онаа, што се искажуе со една мисла:Јас читам. Тој спие. Никола учи. Простата реченица може да биде: просто неразвиена и развиена. Просто неразвиената е саставена само од подмет и прирок: Коњот пасе. Тој трча. Ѕидот е бел. Просто развиена е онаа реченица, која што освен подмет и прирок има и други зборои што го објаснуат или дополнуат подметот или прирокот: Добар ученик совесно ги работи своите задачи.[1]
Редослед на зборови
уредиРедоследот на збороите во реченицата е редовен, или граматички и нередовен или инверзија. Редот на збороите во реченицата зависи од смислата и она што сакаме особено да го потцртаме. По граматичкиот ред подметот со своите додатоци е на прво место, а по него иде прирокот со своите додатоци. Пр.: Јас сум прочитал убава книга. Кога атрибутот чини составен дел на сопствени именки, тој е пред именката, ако е таа географско име: Крива Паланка, Ново Село, Царево Село и сл. Но ако е атрибутот составен дел на именката што значи лице, тогаш тој е зад именката: Петар Велики, Спиро Црниот исл. Инаку атрибутот обично стои пред именката што |а појаснува.
Наводи
уреди- ↑ Кепески, Круме (1946). Македонска Граматика. Скопје: ДРЖАВНО КНИГОИЗДАТЕЛСТВО НА МАКЕДОНИЈА СКОПЈЕ 1946. стр. 69, 72, 73.