Слободан Николиќ (политичар)
Слободан Николиќ (27 март 1957) е српски политичар и актуелен претседател на Руската партија, која се залага за интересите на руското малцинство во Србија, како и за поблиска соработка со Руската Федерација. Николиќ е поранешен потпретседател на Народната селска партија.
Биографија
уредиРоден е на 27 март 1957 година во Шабац. Од 1983 до 1984 година работи во Националниот завод за статистика, а од 1984 до 1996 година како комерцијалист во МПИ „Житоратар“ Шабац. Од 1996 до 2001 година имал сопствен приватен бизнис. Од 2001 до 2005 година е директор на Здружението „Село праг 98“. Здружението се занимава со ревитализација и демографски проблеми на селата и воспоставување соработка со Руската Федерација. Во 1998 година била воспоставена официјална соработка со Ивановскиот регион во Русија и бил потпишан протокол за соработка со Фондот за култура. Од 2005 до 2006 година бил директор на „Заштита на растенијата Зорка“, а од 2006 до 2015 година бил член на Градскиот совет на Шабац задолжен за соработка со здруженија на граѓани и соработка со Руската Федерација. Од 2010 година е претседател на Здружението за српско-руско пријателство „Владимир Путин“ во Шабац и ја продолжува веќе добро воспоставената соработка со Руската Федерација.[1]
На 26 декември 2011 година, градот Шабац го добил орденот „Јермак“ од Президиумот на Советот за општествени признанија на Руската Федерација, а го добил и Орденот на цар Николај II Романов. Го добил и орденот на градот Москва во 2011 година [1]
Тој бил потпретседател на Народната селска партија до 2013 година, кога ја основа Руската партија со цел да воспостави уште поблиски врски меѓу Србија и Руската Федерација. Партијата се залага за влез на Србија во Евроазиската економска унија и полноправно членство на Србија во Организацијата на Договорот за колективна безбедност.[2] Партијата се залага и за зголемување на соработката со Руската Федерација во областа на економијата, културата и образованието.[3]
Приватен живот
уредиОженет е и татко на три деца. Покрај родниот српски, тој зборува и руски .[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Slobodan Nikolić - Ruska stranka | Srbija izbori 2020“. www.srbijaizbori.com. Архивирано од изворникот на 2020-06-20. Посетено на 2020-06-19.
- ↑ „"Руска странка" у Шапцу - Амбасада Руске Федерације у Републици Србији“. www.ambasadarusije.rs. Посетено на 2020-06-08.
- ↑ „Ruska stranka | Srbija izbori 2020“. www.srbijaizbori.com. Архивирано од изворникот на 2020-06-08. Посетено на 2020-06-08.