Слободан Најдовски
политичар
Слободан Најдовски (роден 1961 година во с.Добровени Битолско)[1] е македонски политичар и политички аналитичар. Има завршено високо образование по економски науки, а говори и руски јазик.[2] Бил пратеник во Собранието на Република Македонија како член на ЛДП за време на три пратенички мандати. Тогаш извесен период ја извршувал должноста потпретседател на Собранието на РМ.[3]
Освен политички, Најдовски обавувал и други функции. Во периодот 1990-1994 бил раководител на Битолска Пивара, додека од 1999 до 2002 г. бил директор на ЈП Пазари од Битола. Најдовски моментално пишува колумни за Утрински Весник.[4]
Наводи
уреди- ↑ „Слободан Најдовски“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 20 август 2013.
- ↑ „30 пратеници не знаат англиски“. Вечер. 3 мај 2007. Посетено на 20 август 2013.[мртва врска]
- ↑ „ВМРО ДПМНЕ: Потпретседателот Најдовски да ја закаже конститутивната седница“. ИдиВиди. 14 јули 2006. Посетено на 20 август 2013.
- ↑ „Осум битолски пратеници на работ на социјални случаи“. Нова Македонија. 2009. Посетено на 20 август 2013.
Надворешни врски
уреди- Пратенички профил на Слободан Најдовски
- Полемика меѓу владиката Агатангел и Слободан Најдовски Архивирано на 28 јули 2013 г.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |