Џорџ Керол Џуниор

(Пренасочено од Слеин (рапер))

Џорџ Керол Џуниор, роден 1977 г. во Бостон, САД, или подобро познат како Слеин, е ирско-американски хип-хоп емси и глумец. Најпознат е по својот удел во групите Спешл Тимз (со Едо Џи, Џејсон и Диџеј ЏејСиОу) и Ла Кока Ностра (со Дени Бој, Еверласт, Ил Бил, Диџеј Литал и Биг Лефт како поранешен член).

Слеин во 2010 година
Слеин во 2010 година

Слеин се појавува на неколку соло микстејпови и компилации, албумот на Спешл Тимз Стереотипи и албумот на Ла Кока Ностра Бренд На Којшто Можеш Да Му Веруваш. Неговиот деби соло албум, Свет без небо, треба да излезе во февруари 2011, а Слеин исто така работи и на албумите со двете групи.

Животопис

уреди

Слеин израснал во подрачјето на Бостон. Се заинтересирал за хип-хоп откако ги слушнал првите песни на Хаус ф Пејн, Генгстар и Едо Џи. По преселбата во Њујорк на осумнаесет годишна возраст, Слеин стана активен во развиената подземна хип-хоп сцена.

Глума

уреди

Во 2007мата год., Слеин го имаше своето деби во играниот филм Замина бејбе, замина како дилер на дрога, Буба Роговски, во режија на Бен Афлек. Афлек прочитал статија за Слеин во Бостон Хералд и го побарал за улога; иако раперот релативно не бил познат, без глумечко искуство дотогаш, Афлек успешно ги убедил филмските поддржувачи да му дозволат да му ја додели улогата на Слеин. Тој подоцна го играше Алберт “Глонзи” Мекглон , член на Чарлстаун бандата ограбувачи на банки, во вториот режисерски дострел на Афлек, Градот, објавен во септември 2010.

Во двата филма се вклучени тонски записи од Слеин и неговите групи. Во Замина бејбе, замина се појавува песната на Слеин “Природа на Ѕверот” и “Паднати Ангели” од Спешл Тимз, додека во Градот се појавува “99 Шишиња” и “Почни” од Слеин.

Во емотивно интервју за Конспираси Ворлдвајд Радио, Слеин дискутираше за можно повлекување од музиката, наведувајќи ги проблемите кои ги имал со планираното објавување на Свет Без Небо, како и проблемите кои ги има со музичката индустрија.

Дискографија

уреди

За делото на Слеин со Ла Кока Ностра, ве молиме погледнете ја нивната статија.

• “Главен Настан заедно со Кажи” со Спешл Тимз (2005, 12’’ винил сингл) • “Белиот Човек Е Ѓаволот Вол. 1” (2005, ЦД микстејп на Лиц Едутеинмент) • “Богат Човек, Сиромашен Човек” (2006, 12’’ винил сингл на Комонвелт Рекордс) • “Белиот Човек Е Ѓаволот Вол. 2: Граѓанинот Кејн” (2006, ЦД микстејп на Лиц Едутеинмент) • “Стереотипи” со Спешл Тимз (2007, ЦД албум на Дак Даун Рекордс) • “Ѓаволот Никогаш Не Умира” (2010, микстејп за симнување на Сабарбан Ноиз Рекордс) • “Свет Без Небо” (2011, ЦД албум на Сабарбан Ноиз Рекордс)

Компилациски албуми

уреди

• “Бостон Состојба На Умот” (2006, ЦД компилација на Комонвелт Рекордс) • “Мес Мувменц Волум 2” (2007, ЦД микстејп на Лиц Едутеинмент) • “Мес Мувменц Волум 3: Албумот” (2009, ЦД компилација на Лиц Едутеинмент) • “Отпишаниот Вол. 1” (2010 албум за симнување на Лиц Едутеинмент)

Посебни гостувања

уреди

•Мети Трамп – “Не Ме Сакаш” (Скршен и Алчен, 2002) •Виртуозо – “Фаренхајт 911” (Втора светска војна: Еволуција на Мачителот, 2004) •7Л и Езотерик – “Стар Англиски” (Момент на Реткости, 2005) •Ил Бил – “Насилни Времиња” (Ил Бил е Иднината дел II, 2006) •Сикнејчр – “Никогаш Не Вели Никогаш” (Драга, Дома Сум, 2007) •Сту Бенгас – “Бенгметик” (Сту Бенгас Волуме I, 2007) •Биг Лефт – “Деца” (Трета Светска Војна, 2008) •Д Кемп – “Мала Приказна” (Кампањата, 2008) •Ист Коуст Авенџерс – “Статуа на Слободата” (Планета Затвор, 2008) •Ил Бил – “Премлад” (Часот за Одмазда, 2008) •Мистер Хајд – “Улични Ветерани” (Хрониките на Човекот Ѕвер, 2008) •Шабак Ред – “Темнината се Продлабочува” (Ритуалот, 2008) •Шабак Ред – “Смрт и Судбина” (Ритуалот, 2008) •Сноугунс – “Омразата” (Црн Снег, 2008) •Фифт Криминал – “Занданските Мајстори” (2009) •Фреди Медбол – “Истрели” (Католичка Вина, 2009) •Роб Кели – “Оставен” (2009) •Ступ Д Енеми од Менкајнд – “Алисон Џејмс” (Декалог, 2009)Сволен Мемберс – “Глупав” (Вооружен до Заби, 2009) •Ју-Гад – “Кокаин” (Допиум, 2009) •Адлиб – “Мрази ја Мојата Храброст” (2010) •Чила Џонс – “Психопат” (Деструктивна Сила, 2010) •Клик Анимосити – “Грамови на Суровини” (Хранители на Пламените, 2010) •Фолсајд – “Премногу” (Доларите Прават Промена, 2010) •Ил Бил и Диџеј Магс – “Скелет и Пиштоли” (Убиј ги Ѓаволските Ридови, 2010) •Кју-Јуник – “Нема Враќање” (Помеѓу Рај и Пекол, 2010) •Риф Д Лост Коз – “Самоубиствен Сленг” (Борбена Музика, 2010) •Рекс – “Постави го” (Помеѓу Редови в. 2, 2010) •Сноугунс – “Стави ги” (Крафтверк, 2010) •Диси Д МИДИ Алиен – “Човекот Изнајде Начини” (Звучните Бранови на Одмаздниците, 2011) •Ил Бил и Вини Паз – “Метал во Твојата Уста” (Кралеви на Хеви Металот, 2011)