Славица Јанешлиева

Славица Јанешлиева (1973) е редовен професор на Катедра по графика и трансмедиумски практики, на Факултетот за ликовни уметности, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Славица Јанешлиева (2019)

Таа е визуелна уметница со изразен мултимедијален и интермедијален пристап. По образование е графичар, но нејзиниот препознатлив исказ и исклучителна дарба за визуелна нарација ги пренесува преку различни медиуми: графика, објект, уметничка инсталација, цртеж, фотографија, видео, уметничка книга итн.[1]

Нејзините дела се изложувани на жирирани и курирани национални и меѓународни изложби низ целиот свет (28 самостојни изложби и над 270 групни изложби).[2]  Добитник е на повеќе меѓународни и национални награди и признанија, а дел од нејзиното творештво збогатува 17 значајни колекции во земјата и странство.[3]

Живее во Скопје.

1996 – Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек графика, во класата на проф. м-р Зоран Јакимовски.

1998 –  Магистрирала на истиот факултет, под менторство на проф. м-р Димитар Малиданов, на област графика.

2018 – Докторирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, под менторство на проф. д-р Владимир Мартиновски, на Катедра за компаративни студии, на тема „Интермедијалните транспозиции на книжевните дела во женското ликовно писмо кон крајот на 20-от и во 21-от век“.

2008-2010 - Продекан на Факултет за ликовни уметности, УКИМ во Скопје.

2020-2023 - Раководител на Катедра по графика, ФЛУ, УКИМ

2023-2026 - Декан на Факултет за ликовни уметности[4], УКИМ во Скопје.

Наводи

уреди
  1. „Славица Јанешлиева“. Посетено на 2023-06-28.
  2. „Slavica JANESLIEVA / Славица ЈАНЕШЛИЕВА“. slavicajaneslieva.blogspot.com (англиски). Посетено на 2023-06-28.
  3. [1][мртва врска]
  4. „ФЛУ - Факултет за ликовни уметности-Скопје“. www.flu.ukim.edu.mk. Посетено на 2023-06-28.