Славе Николовски - Катин

(Пренасочено од Славе Николовски Катин)

Славе Николовски - Катин[1] (Наколец, Преспанско, 19 август 1941) — македонски публицист, познат по бројните публицистички, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно на животот на Македонците во светот.[2]

Славе Николовски - Катин
Роден(а)19 август 1941(1941-08-19)(83 г.)
Наколец, Преспанско, Македонија Македонија
Занимањепублицист
Страница
www.makedonskosonce.com

Животопис

уреди

Николовски - Катин е роден на 19 август 1941 година во Долнопреспанското село Наколец на брегот од Преспанското Езеро. Се школувал во Скопје, Белград и Торонто. На македонската и меѓународната културна и научна јавност е познат по бројните публицистички, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно на животот на Македонците во светот. Во неговиот творечки опус од четириесетина дела, посебно внимание заслужуваат книгите : „Македонците во САД и Канада“, „Македонските православни цркви во Австралија, Канада и САД“, „Македонски холокауст“, како и поголем број монографии, а познат е со неговите лексикографски изданија, како и со преводите. Катин, во период од педесетина години објавил над 5000 текстови, главно за Македонија, за иселеништвото, религијата, културата, македонскиот јазик и литература и други области во информативни гласила за Република Македонија и странство и тоа во: Нова Македонија, Вечер, списанијта Македонија, Македонска ревија, Литературен збор, Искра, Австралиско-македонски неделник, Македонски весник, Македонски иселенички алманах, Духовна искра, Македонско сонце, Македонски збор, Илинден, ТВ Сонце и други..Добитник на голем број награди и признанија („Крсте П. Мисирков“ од Здружението на новинарите).[3] Тој последниве години пишува за списанието Македонско сонце.

Наводи

уреди
  1. „Биографија на Славе Николовски - Катин“. Македонско сонце. 8.4.2020. Посетено на 18 2023. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  2. Monograph of Katin, by Borče Naumovski, Makedonska iskra, Skopje, 2002, pp. 1-382
  3. Macedonian Emigrant Portrait, by Borče Naumovski, Makedonska iskra. Skopje, 2004, pp. 192