Скратифлација
Скратифлација (англиски: shrinkflation) или намалување на пакувањето[2] — процес на намалување на големината или количината на артиклите, или дури понекогаш преформулирање или намалување на квалитетот,[3] додека нивните цени остануваат исти или се зголемуваат.[4][5] Зборот е стопеница на зборовите скратување и инфлација. Првата употреба на поимот „скратифлација“ на англиски јазик со неговото сегашно значење ѝ се припишува на економистката Пипа Малмгрен, иако истиот поим претходно го користел историчарот Брајан Домитровик за економија што се намалува, а истовремено трпи висока инфлација.[6]
Скратифлацијата им овозможува на претпријатијата да ја зголемат својата оперативна маржа и профитабилност со намалување на трошоците додека го одржуваат обемот на продажба, и често се користи како алтернатива за зголемување на цените во согласност со инфлацијата.[7] Здруженијата за заштита на потрошувачите ја осудуваат оваа практика.
Економска дефиниција
уредиСкратифлацијата е пораст на општото ценовно рамниште на стоките по единица тежина или зафатнина, предизвикано од намалувањето на тежината или големината на продадениот предмет. Цената за едно парче од пакуваниот производ останува иста или дури може да се зголеми. Ова понекогаш не влијае на мерите на инфлацијата, како што се потрошувачкиот ценовен показател или малопродажниот ценовен показател, односно може да не ја зголеми цената на потрошувачката кошница со малопродажни стоки и услуги, но многу показатели за ценовните рамништа, а со тоа и инфлацијата се поврзани со единиците за зафатнина или тежина на производите, така што скратифлацијата влијае и на статистички претставените показатели на инфлацијата.
Влијание на потрошувачите
уредиЗастапниците на потрошувачите се критични за скратифлацијата бидејќи тоа има ефект на намалување на вредноста на производот и тоа „скришум“.[8] Намалувањето на големината на пакувањето е доволно мало за да не биде веднаш воочливо за редовните потрошувачи.[9] Непроменетата цена значи дека потрошувачите не се предупредени за повисоката единична цена. Практиката негативно влијае на способноста на потрошувачите да направат информиран избор за купување. Утврдено е дека потрошувачите повеќе ги одвраќаат поскапувањата отколку намалувањето на големината на пакувањето. Добавувачите и трговците на мало се повикани да бидат на страната на корисниците. Според Ратула Чакраборти, професор по деловен менаџмент, тие треба да бидат законски обврзани да ги известат купувачите кога ќе се намали големината на пакувањата.[10] Корпоративните тела го оттргнуваат вниманието од намалувањето на производот со пораките „помалку е повеќе“, на пример со тврдење за здравствени придобивки од помали порции или еколошки придобивки од помалку пакување.[7]
Во 2023 година францускиот малопродажен синџир Карфур почнал да ги предупредува своите корисници за овие практики.[11][12]
Поврзано
уреди- Куповна моќ
- Стварна и номинална вредност
- Дефлација
Наводи
уреди- ↑ „Toblerone triangle change upsets fans“. BBC News. 8 November 2016. Посетено на 2016-11-08.
- ↑ „Honey, they shrunk the groceries the rise of 'shrinkflation'“. essentialkids.com.au. 2019-08-06. Посетено на 2021-09-14.
- ↑ „Shrinkflation: When less is not more at the grocery store“. The Conversation. Посетено на 2021-09-14.
- ↑ „More than 2,500 products subject to shrinkflation, says ONS“. BBC News. Архивирано од изворникот на 2017-07-24.
- ↑ „The scourge of Shrinkflation eats away at the man in the street like a cancer!“. Perpetual Traveller Overseas. Архивирано од изворникот на 2017-12-01. Посетено на 2014-06-08.
- ↑ „That Shrinking Feeling“. Merriam Webster Dictionary. Посетено на 21 January 2019.
- ↑ 7,0 7,1 „ECB Meets To Tackle Deflation While Ignoring Shrinkflation“. London, UK: Goldcore. 4 September 2014. Архивирано од изворникот на 2023-02-27. Посетено на 7 July 2020."ECB Meets To Tackle Deflation While Ignoring Shrinkflation" Архивирано на 27 февруари 2023 г.. London, UK: Goldcore. 2014-09-04. Retrieved 2020-07-07.
- ↑ „Shrinkflation – Real Inflation Much Higher Than Reported“. London, UK: Goldcore. 28 June 2017. Архивирано од изворникот на 2023-01-11. Посетено на 7 July 2020.
- ↑ Sewraz, Reena (21 February 2017). „Shrinkflation: the food and drink items that have shrunk but aren't any cheaper“. lovemoney.com. London, UK: lovemoney.com. Посетено на 7 July 2020.
Ratula Chakraborty, senior lecturer in business management at the University of East Anglia, said: "Shrinkflation is a sneaky practice because consumers are not expecting any size changes so do not inspect package sizes unless there is a really noticeable difference."
- ↑ Studman, Anna (23 February 2019). „Shrinking products: are we paying more for less?“. Which?. London, UK: Which?. Архивирано од изворникот на 18 January 2021. Посетено на 7 July 2020.
- ↑ „Carrefour warnt vor versteckten Preiserhöhungen“. Wirtschaft. Merkur.de (германски). Münchener Zeitungs-Verlag GmbH & Co. KG. 2023-09-09. Архивирано од изворникот на 2023-09-16. Посетено на 2023-09-16.
- ↑ Ammann, Lucas (2023-09-15). „Erstmals warnt eine Supermarktkette vor versteckten Preiserhöhungen - Eine französische Supermarktkette hängt Warnschilder aus und warnt somit vor "Shrinkflation". Sogar ein Gesetz ist vorgesehen“. Kurier (германски). Архивирано од изворникот на 2023-09-15. Посетено на 2023-09-15.
Надворешни врски
уреди- shrinkflation.info A website in Japanese explaining how hundreds of well-known products have been reduced in size, how much have been reduced and when they were reduced.
- The impact of Shrinkflation on the CPIH: January 2012 to June 2017
- Shrinkflation – the economics of stealing from customers