Скијачки центар „Маврово“

(Пренасочено од Скијачки центар Маврово)

Скијачки центар „Маврово“, офиц. Скијачки центар „Заре Лазарески“скијачки центар покрај селото Маврово, Гостиварско. Идеен основач на овој скијачки центар е Заре Лазарески, и поради тоа скијачкиот центар го носи неговото име.

Двоседата жичница во 2016 год.

Вкупно има изградено 3 жичници и 11 влечници (ски-лифтови), од кои првата жичница е изграден уште во 1964 година. Вкупната должина на патеки изнесува 15,5 км. Патеките за скијање се наоѓаат на надморска височина од 1.255 па сѐ до 1.878 м.н.в. Влечниците и жичниците имаат вупен капацитет од 11.100 лица на час. Скијачкиот центар се наоѓа на 30 км од градот Гостивар.

Жичници

уреди
Име Вид Име на патеката тежина на патеката М.н.в.

(почетна)

М.н.в.

(крајна)

Вис.

разлика

Брзина

(м/с)

Време на

возење

Должина

(м)

Капацитет

(лица/час)

Производител
Корија (Едносед) едноседна „Корија“ (т.н. „Стара стаза“) црна 1.255 1.604 349 2 9 мин 10 сек 1.002 450 н/п
Маврово 1 двоседна „Брзача“ (т.н. „Нова стаза“) црна 1.268 1.680 412 2 17 мин 1.862 800 Допелмајр
Маврово 2 двоседна „Брзача“ (т.н. „Нова стаза“) црна 1.268 1.682 414 2 16 мин 1.775 600 Лајтнер

Влечници

уреди
Име Боја (тежина на патеката) Вид М.н.в.

(почетна)

М.н.в.

(крајна)

Висинска

разлика (м)

Брзина

(м/с)

Време на

возење

Должина

(м)

Капацитет

(лица/час)

Производител
Електроцентрали Маврово (т.н. Црвен ски-лифт, Прв ски лифт) црна сидро 1.604 1.690 86 2,3 2 мин 30 сек 313 900 Допелмајр
Бочковец (т.н. Плав ски-лифт) црвена сидро 1.613 1.724 111 2,3 5 мин 30 сек 689 900 Допелмајр
Зелен [б 1] црвена сидро 1.640 1.717 77 2,3 2 мин 30 сек 305 900 Допелмајр
Детска радост зелена чинија 1.678 1.721 43 2,3 2 мин 30 сек 307 900 Допелмајр
Смрека (т.н Жолт ски-лифт) зелена сидро 1.672 1.725 53 2,3 2 мин 30 сек 407 900 Допелмајр
Повратен (стар) зелена сидро 1.657 1.725 68 2,5 3 мин 50 сек 475 900 Допелмајр
Повратен (нов) сина сидро 1.657 1.725 68 2,3 3 мин 40 сек 475 900 Допелмајр
Галички црвена сидро 1.666 1.798 132 2,3 8 мин 40 сек 1.087 900 Допелмајр
Мал Галички црвена сидро 1.686 1.791 105 2,5 4 мин 539 1000 Лајтнер
Белички црвена сидро 1.726 1.878 152 2,3 7 мин 2 сек 923 900 Допелмајр
Бачило [б 2] сидро 1.658 1.680 22 н/п н/п н/п н/п Допелмајр
Белешки
  1. Претходно сместена во местото Мирна Долина.
  2. Вон функција.

Патеки

уреди

Вкупната должина на тешки (црни) патеки за алпско скијање е 5 км, среднотешки (црвени) патеки се со вкупна должина 6,5 км и лесни (сини) патеки има вкупно 4 км.

Исто така, во овој скијачки центар е и познатата патека за нордиско скијање „Мирна Долина“ на истоименото место. На оваа патека се организира меѓународниот натпревар во нордиско скијање „Мавровски меморијал“, посветен на 52-те загинати лица во лавината која ги има затрупано објектите за сместување на луѓето кои работеле на изградбата на хидросистемот „Маврово“.

Скоро половина од патеките за алпско скијање имаат систем за вештачко оснежување.

Надворешни врски

уреди