Сите се добро (филм)
„Сите се добро“ (англиски: Everybody's Fine) — американски филм од 2009 година, во режија на Кирк Џоунс (Kirk Jones). Главните улоги ги играат: Роберт Де Ниро (Robert De Niro), Дру Баримор (Drew Barrymore), Сем Роквел (Sam Rockwell) и Кејт Бекинсејл (Kate Beckinsale). Филмот претставува преработка на истоимениот италијански филм на режисерот Џузепе Торнаторе (Giuseppe Tornatore). Откако го видел филмот на претпремиерната претстава, Пол Макартни ја напишал песната „Сакам да се вратам дома“ (I want to come home) која била номинирана за наградата „Златен глобус“ за најдобра оригинална песна.[1]
Содржина
уредиФренк Гуд (го игра Де Ниро) го поминал целиот живот во локалната фабрика за кабли, напорно работејќи за да го прехрани своето семејство. Кога заминува во пензија, осум месеци по смртта на сопругата, тој сфаќа дека во изминатите години поминувал малку време со своите четири деца и решава повторно да се зближи со нив. Додека ги посетува едно по едно, Френк открива дека нивните животи не се совршени како што тие ги прикажуваат...[2]
Наводи
уреди- ↑ Svi smo dobro, američki film (2009.) (пристапено на 14.4.2024)
- ↑ Антена, број 835, 27.6.2014, стр. 18.