Сите негови жени (филм)

филм

Сите негови жени (шведски: För att inte tala om alla dessa kvinnor) — филмска комедија од 1964 година,во режија на Ингмар Бергман. Филмот е дел од низата комедии на Бергман во кои се обработуваат односите меѓу мажите и жените. Истовремено, ова е прв филм на Бергман, снимен во боја. Главните улоги ги толкуваат: Ева Далбек, Биби Андерсон, Хариет Андерсон и Јарл Куле.

Содржина

уреди

Познатиот музички критичар Корнелиус пишува биографија за славниот челист Феликс. За да ги заокружи своите белешки, заминува во летната резиденција на Феликс за да ги направи последните консултации со големиот музичар. Но жените кои го опкружуваат Феликс не му дозволуваат контакт. Филмот завршува така што, на еден концерт, маестрото наеднаш умира, но тоа не е крај на приказната. Неговото место го зазема еден млад, непознат челист, кому жените на маестрото му ветуваат блескава кариера. Интересно, иако во филмот цело време се зборува за маестрото, неговото лице воопшто не се појавува на екранот.[1]

Наводи

уреди
  1. Антена, број 831, 30.5.2014, стр. 18.