Сипи
Сипи (еднина: сипа;[1] науч. Sepiida) или сепии (едн. сепија[2]) — ред главонози мекотели. Ги населуваат крајбрежните води на длабочина до 200 м, како и морските сливови со висока соленост во земјите на суптропските и тропските климатски зони. Нејзиното тело достигнува до 25 см, а на гигантската (Sepia apama) до 50 см, издолжено и грбно-цревно сплескано, со хоризонтални стабилизатори на страните. Во зависност од подлогата, бојата се менува. Зениците на сипата имаат облик на буквата W. Устата се наоѓа на предниот крај, опкружена со 10 пипала, од кои две се подолги од другите и се наоѓаат на крајот. Сипата се одликува со добро развиена мастилна жлезда, која произведува мастилна течност — сипина боја. За да се заштити од опасност, сипата ја исфрла оваа мастилна боја и на тој начин образува димна завеса (покривка од непријатели).[3][4]
Наводи
уреди- ↑ „сипа“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „сепија“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Reid, A., P. Jereb, & C. F. E. Roper (2005). "Family Sepiidae". In: P. Jereb & C. F. E. Roper, eds. Cephalopods of the world. An annotated and illustrated catalogue of species known to date. Volume 1. Chambered nautiluses and sepioids (Nautilidae, Sepiidae, Sepiolidae, Sepiadariidae, Idiosepiidae and Spirulidae). FAO Species Catalogue for Fishery Purposes. No. 4, Vol. 1. Rome, FAO. pp. 57–152.
- ↑ NOVA, 2007. Cuttlefish: Kings of Camouflage. (television program) NOVA, PBS, April 3, 2007.
Надворешни врски
уредиВидете сипи во Викиречник, слободниот речник. |
„ Sepiida (Cuttlefish)“ на Ризницата ? |
- YouTube video with examples of cuttlefish color and texture modulations
- Cuttlefish brain map and genome
- The new CEPHBASE within the Encyclopedia of Life (EOL) Архивирано на 12 јануари 2016 г.
- „Kings of Camouflage: Cuttlefish“. NOVA. PBS.