Сионска порта
(Пренасочено од Сионска порта (Ерусалим))
Сионската порта е една од седумте порти кои не се соѕидени, која се наоѓа во стариот град во Ерусалим. Изградена е од страна на султанот Сулејман Величествениот во 1540 година.
Сионската порта се наоѓа јужно во стариот град. Исто така оваа порта е позната и како портата на Давид бидејќи се верува дека на сионскиот рид се наоѓа и гробот на Давид.