За останатите значења на поимот „синтакса“ видете ја страницата за појаснување.

Синтаксатајазична дисциплина која се занимава со проучување на правилата и процесите според кои речениците во еден јазик се создаваат.[1]

Историја

уреди

Граматиките и делата објавувани за граматиките на различните јазици биле објавувани долго време пред да се основа модерната јазична дисциплина наречена синтакса. Така на пример, делото „Аштадјаји“ од Панини често се зема како пример за дело кое е од пред модерниот период и софистицираноста на модерната синтактичка теорија.[2] Во Западниот Свет, школата која станала позната како „традиционална граматика“ започнала со делата на Дионисиј Тракиски.

Со векови, делата за синтаксата биле под доминација на т.н. „општа граматика“, која била за првпат изложена во 1660 година од Антоан Анолд во книгата Grammaire Générale. Системот се засновал на верувањето дека јазикот е директно пресликување на процесите на мислењето и поради тоа има единствен, најприроден начин да се изрази мислата.

Сепак во 19 век, со развојот на историско-споредбената лингвистика, јазичарите започнале да ја разбираат разноликоста на човековиот јазик и да ги ставаат под знак прашалник основните верувања за односот меѓу јазикот и логиката. Со текот на времето се довело заклучок дека нема такво нешто како најприроден начин на изразување на мислата и поради тоа логиката не може да се смета за основа при проучување на структурата на јазикот.

Граматиката од Порт-Ројал го моделирала изучувањето на синтаксата врз логиката, при што голем дел од Логиката од Порт-Ројал бил копиран и адаптиран во „Општата граматика“ (Grammaire générale[3]). Синтактичките категории биле идентификувани со тие од логиката и сите реченици биле анализирани по принципот „подмет - сврзник - прирок“. Ова било усвоено дури и од првите споредбени јазичари, како што е Франц Боп.

Централната улога на синтаксата во рамките на теоретската лигвистика започнала да се расчистува во 20 век, кој може да се нарече „век на синтактичката теорија“ од страна на јазичарите.

Теории

уреди

За синтаксата постојат одреден број теоретски пристапи. Една школа или теорија е основана во делата на Дерек Бикерток,[4] ја гледа синтаксата како дел од биологијата, бидејќи ја подразбира синтаксата како проучување на јазичното знаење како што е отелотворено во човековиот ум. Други јазичари имаат платонски погледи, бидејќи тие ја сметаат синтаксата како проучување на апстрактен формален систем.[5] Други пак, како што е Џозеф Гринберг, ја сметаат граматиката како таксономски уред за да се достигне поширока генерализација низ јазиците. Тезите на Андреј Корсаков го објаснуваат филозофското сфаќање на морфологијата и синтаксата.[6]

Генеративна граматика

уреди

Хипотезата на генеративната граматика е дека јазикот е структура на човековиот ум. Целта на генеративната граматика е да направи целосен модел за внатрешниот (вроден) јазик. Овој модел би можел да се користи за да се опишат сите човечки јазици и да се предвиди граматикализацијата на даден исказ, односно да се предвиди дали исказот би звучел точно за говорниците на јазикот. Овој пристап бил започнат од Ноам Чомски. Повеќето генеративни теории имаат на ум дека синтаксата е заснована на составниот дел на структурата на речениците. Генеративната граматика првично се фокусира на формата на речениците, отколку комуникациската функција.

Меѓу поголемиот број генеративни теории, Чомски ги предложил

Останати теории кои се дел од генеративната граматика се:

Категоријална граматика

уреди

Категоријалната граматика е јазичен пристап според кој синтактичките структури не ја владеат граматиката, туку особините на синтактичките категории. Така на пример, наместо да се тврди дека речениците се составени од правила кои ја комбинираат именската фраза или глаголската фраза, во категоријалната граматика таквите принципи се вметнати во категоријата на главниот збор. Така синтактичката категорија за непреоден глагол е сложена формула која го претставува фактот дека глаголот дејствува како функционален (службен) збор кој побарува именска фраза како влез, а како излез се добива реченички структури. Оваа сложена категорија се забележува као ИФ\Р (NP\S) наместо Г.ИФ\Р (V. NP\S) и се чита како „категорија која побарува на лево именска фраза и произведува реченица“. Преодниот глагол е дефиниран како елемент кој побарува две именски фрази за да создаде реченица. Ова е забележано како (ИФ/(ИФ\Р)) ((NP/(NP\S))) и значи „категорија која побарува на десно именска фраза и произведува фунционален збор (еднаков на глаголска фраза) кој е (ИФ\Р), кој пак претставува функционален збор кој побарува од лево именска фраза и произведува реченица“.

Зависна граматика

уреди

Зависната граматика е пристап за структурата на реченицата каде синтаксните единици се подредени според односот на зависност, како спротивност на составниот однос на фразната структурна граматика. Зависностите се врски меѓу зборовите. Глаголот (свршен) — виден како корен на сите структури на дел-речениците и сите зборови во дел-речницата се или директно или индиректно зависно на овој корен. Некои теории за зависноста во синтаксата се:

Како татко на современите теории за зависност се смета Лусјен Тесниер (1893–1954). Тој жестоко се спротивставувал на бинарната поделба на дел-реченицата на подмет и предикат и тврдел дека глаголот е коренот на реченицата.[10]

Функционалистичка граматика

уреди

Функционалистичките теории за граматиката, иако се фокусирани врз формата, се предводени од објаснувања засновани врз функцијата на реченицата. Некои типични функционалистички теории се:

Стохастична граматика

уреди

Теоретските пристапи кон синтаксата кои се засноваат на теоријата на веројатност се познати како стохастични граматики. Таква честа имплементација на пристапот е нетралната мрежа или конекционизмот. Познати стохатсични теории се:

Наводи

уреди
  1. Chomsky, Noam (2002). Syntactic Structures. стр. 11. Занемарен непознатиот параметар |orig-date= (help)
  2. Fortson IV, Benjamin W. (2004). Indo-European Language and Culture: An Introduction. Blackwell. стр. 186. ISBN 1-4051-0315-9 (hb); 1-4051-0316-7 (pb) Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help). [The Aṣṭādhyāyī] is a highly precise and thorough description of the structure of Sanskrit somewhat resembling modern generative grammar…[it] remained the most advanced linguistic analysis of any kind until the twentieth century.
  3. Arnauld, Antoine (1683). La logique (5. изд.). Paris: G. Desprez. стр. 137. Архивирано од изворникот на 2017-07-25. Посетено на 2012-04-13. Nous avons emprunté…ce que nous avons dit…d'un petit Livre…sous le titre de Grammaire générale.
  4. See Bickerton, Derek (1990). Language and Species. University of Chicago Press. ISBN 0-226-04610-9. and, for more recent advances, Derek Bickerton; Eörs Szathmáry, уред. (2009). Biological foundations and origin of syntax. MIT Press. ISBN 978-0-262-01356-7.
  5. Ted Briscoe, 2 May 2001, Interview with Gerald Gazdar Архивирано на 22 ноември 2005 г.. Retrieved 2008-06-04.
  6. The use of tenses in English. Korsakov, A. K. (Andreĭ Konstantinovich). 1969. Korsakov, A. K. Structure of Modern English pt. 1. oai:gial.edu:26766 at http://www.language-archives.org/item/oai:gial.edu:26766 Архивирано на 13 април 2021 г.
  7. Chomsky, Noam. 1957. Syntactic Structures. The Hague/Paris: Mouton, p. 15.
  8. Chomsky, Noam (1981/1993). Lectures on Government and Binding: The Pisa Lectures. Mouton de Gruyter.
  9. Chomsky, Noam (1995). The Minimalist Program. MIT Press.
  10. Во поглед на ова, видете Tesnière (1969:103–105).

Литература

уреди
  • Brown, Keith; Jim Miller (eds.) (1996). Concise Encyclopedia of Syntactic Theories. New York: Elsevier Science. ISBN 0-08-042711-1.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  • Carnie, Andrew (2006). Syntax: A Generative Introduction (2. изд.). Oxford: Wiley-Blackwell. ISBN 1405133848.
  • Freidin, Robert; Howard Lasnik (eds.) (2006). Syntax. Critical Concepts in Linguistics. New York: Routledge. ISBN 0-415-24672-5.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  • Graffi, Giorgio (2001). 200 Years of Syntax. A Critical Survey. Studies in the History of the Language Sciences 98. Amsterdam: Benjamins. ISBN 90-272-4587-8.
  • Mieszko Talasiewicz (2009). Philosophy of Syntax - Foundational Topics. Springer. ISBN 9789048132874. An interdisciplinary essay on the interplay between logic and linguistics on syntactic theories.
  • Lallier, Celeste; Mr. Smith (eds.) (2011). AP Language Comprehension. California: Lakeside High School. ISBN 978-0-08-042711-9.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  • Tesnière, Lucien 1959. Éleménts de syntaxe structurale. Paris: Klincksieck.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди