Сраснати прсти

(Пренасочено од Синдактилија)

Сраснати прсти или синдактилија е најчеста вродена мана на екстремитетите. Кај оваа мана се јавува сраснување меѓу два или повеќе прста. Ако се јави семејно се пренесува со автосомно доминантен ген. Причината е во отсуство на сепарација (раздвојување) на прстите како последица на континуираниот развој на мезодермот и ектодермот. Покрај генетскиот фактор се смета дека за појавата на синдактилија причина се и надворешните штетни фактори, посебно дефицитот во исхраната.

Сраснати прсти
Новороденче со два сраснати прсти на десната рака
СпецијалностМедицинска генетика Уреди на Википодатоците

Доминира сраснувањето меѓу вториот и третиот прст, а двапати е почеста кај мажите, што се објаснува со пренос преку прост доминантен ген.

Се јавува кај еден случај на 2000-3000 раѓања, може да бидат билатерални (обострани, околу 40%), а во комбинација со синдактилија на нозете се јавуваат во преку 30% од случаите.

Може да се јави во комбинација со останатите вродени мани, ектродактилиа, брадидактилиа или прстенести бразди, но и во склоп на одредени симптоми – Поланд-ов, Аперт-ов, и останати синдроми.

Синдактилиа на рацете

Видови на синдактилиа

уреди

Единечна синдатилиа

уреди

Единечна синдатилиа е кога се соединети само два прста.

Мултипни синдактилии

уреди

Кај овој вид на синдакталии има повеќе од едно сраснување меѓу прстите, двојна, тројна, итн...

Проста синдактилиа

уреди

Тоа е сраснување на прстите кое се состои само од кожа.

Целосна синдактилиа

уреди

Тоа претставува целосно сраснување меѓу прстите од комисурата до врвот.

Нецелосна синдактилиа

уреди

Нецелосната синдактилиа претставува делумно сраснување меѓу прстите.

Комплицирана(сложена синдактилиа)

уреди

Таа претставува најсложена форма кај која покрај сраснувањето на кожата постои и сраснување на останатите елементи меѓу два соседни прста: фаланги, нерви, тетиви, крвни садови и нокти. Најсложените синдактилии со сраснување на коскените елементи меѓу прстите се дел од Аперт-овиот синдром и се делат на три категории во зависност од тоа колку прсти се сраснати.

Лекување

уреди

Оптималното време за хируршко лекување на оваа вродена мана е меѓу втората и четвртата година од животот, но некои автори и тука прават исклучоци и оперираат порано или подоцна. Историјатот на оперативните техники за исправка на синдактилиа започнува 160 години наназад кога за првпат Velpeay (1847) во својата книга посветува едно поглавје за синдактилиа. Од тогаш па наваму многубројни автори опишале свои техники за исправка на синдактилиа, но општо прифатени правила за оперативна исправка на синдактилиа се:

  • примена на поголема дорзална и помала вентрална резанка во пределот на комисурата.
  • примена на "zig-zag" кожни инцизии при сепарација на прстите.
  • Употреба на кожни трасплантанти со целосна дебелина, земени од ингвинална регија или воларната страна на рачниот зглоб за покривање на секундарните дефекти.
  • Правилна постоперативна имобилизација.
  • Се оперира само на едната страна на прстот заради презервација на невро-васкуларниот сноп.
  • Ако се соединети сите прсти на шаката, тогаш во првиот акт треба да се ослободи сраснувањето меѓу показалецот и третиот прст и меѓу домалиот и малиот прст, а во вториот акт шест месеци подоцна да се ослободи сраснувањето меѓу третиот и четвртиот прст.

Надворешни врски

уреди

Портал од областа на медицината Архивирано на 14 мај 2013 г.