Симеон Туманов
Симеон Туманов — воен генерал на Југословенската народна армија (ЈНА).
Симеон Туманов | |
---|---|
Држава | Социјалистичка Федеративна Република Југославија |
Род | Копнена војска на Југословенската народна армија |
Служба | 1965–1992 |
Чин | генерал-мајор |
Одликувања | |
Животопис
уредиСимеон Туманов е роден на 19 февруари 1943 година во струмичкото село Куклиш.
Воената кариера во ЈНА ја започнува во 1965 година по завршувањето на Воената академија на Копнената војска на ЈНА — насока пешадија — со офицерскиот чин потпоручник. Од 1965 до 1969 година е командир на вод. Во 1968 година е унапреден во чин поручник. Од 1969 до 1971 година е командир на чета. Во 1971 година е унапреден во чин капетан. Од 1971 до 1972 година е референт за безбедност во воен округ. Од 1972 до 1977 година е оперативец во контраразузнавачка група. Во 1973 година вонредно е унапреден во чин капетан 1. класа.
Во 1977 година ја завршува Командно-штабната академија на Копнената војска на ЈНА со темата „Откривање на тајни воени податоци во средствата за јавно информирање“. Истата година е унапреден во чин мајор. Од 1977 до 1980 година е началник за безбедност во 4. пешадиска дивизија. Од 1980 до 1985 година е помошник на началникот на одделението за безбедност во 7. армија. Во 1981 година предвремено е унапреден во чин потполковник. Од 1985 до 1988 година е началник на одделението за безбедност во 7. армија. Во 1986 година ја завршува Командно-штабната школа за оператика на Копнената војска на ЈНА со темата „Работа на органите за безбедност во услови на вонредна состојба и непосредна воена опасност“. Истата година е унапреден во чин полковник.
Од 1988 до 1991 година е началник на првото одделение на Управата за безбедност во Сојузниот секретаријат за народна одбрана (ССНО). Од 1991 до 1992 година е заменик-началник на Управата за безбедност во ССНО. Во 1991 година е унапреден во чин генерал-мајор. Генералскиот чин го брани со темата „Ангажирање на контраразузнавачки групи на Управата за безбедност на Сојузниот секретаријат за народна одбрана и оперативно-стратегиските групации во војна“. Во 1992 година три месеци е помошник на заменик-началникот на Генералштабот за соработка со мировните сили на Обединетите нации.
Одликувања
уредиНаводи
уреди- Стојановски, Мирослав; Стојаноски, Борис (2017). Стојановски, Мирослав (уред.). Воени генерали од Mакедонија (1943–2017) (второ. изд.). Скопје: Клуб на генерали на Република Македонија. стр. 344–347.