Сибирски хаски
Сибирска хаска (руски: Сибирский хаски) - куче со средна големина и густо крзно кое потекнува од источен Сибир. Оваа раса припаѓа на генетското семејство Шпиц. Препознатлив е по дебелото двослојно крзно, со исправени триаголни уши и со карактеристични обележја. Хаските се активни, енергични и издржливи раси, чии предци потекнуваат од екстремно ладни и сурови средини во Сибир. Водат потекло од Чикучите од северно-источна Азија. Првично биле донесени во Алјаска како кучиња кои влечат санки за време на златната треска но набрзо нивниот статус преминал во кучиња-миленичиња и шоу-кучиња, па така се распространиле во САД и Канада.
A black and white male Siberian Husky | |||||||||||||||||||||||||
Други називи | Чукча, Чукша | ||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Прекари | Sibe, Husky | ||||||||||||||||||||||||
Потекло | Siberia, Russia | ||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||
куче (Canis lupus familiaris) |
Историја
уредиСибирската хаска, самоједот и маламутите од Алјаска се видови кои водат потекло од оригиналните „кучиња кои влечат санка“. Неодамнешната ДНК-анализа потврди дека ова е еден од најстарите видови на кучиња, како и маламутите од Алјаска. Во овој тип на кучешка раса, зборот „хаска“ претставува подмитување на терминот „ески“ кој бил употребуван од Инуките кои ги направиле првите експидиции во своите земји. По правило, хаските не се крупни ниту дебели. Зборот „сибирска“ потекнува од Сибир, бидејќи се смета дека Ескимите ги употребувале за да преминат по мост и стигнат во Алјаска, но сепак оваа теорија сѐ уште останува енигма за интелектуалците. Постои и опција дека ова име претставувало племенско име на Сибила, поранешни турски номади. Расите кои потекнуваат од ескимските кучиња биле пронајдени во северната полутопка од Сибир до Канада, Алјаска, Гренланд, Лабрадор и островот Бафин.
Со помош на сибирските хаски, сите племиња не само што успеале да преживеат, туку и да допрат до тера инкогнита (terra incognita). Адмиралот Роберт Пери од армијата во САД, бил потпомогнат од овиј вид на кучиња за време на своите експедиции во истражувањето на Северниот Пол, па затоа улогата на сибирската хаска не може да биде потценувана.[1] Кучињата од регионот кај реката Анадур и околината, биле пренесени во Алјаска во 1908 ( како и во наредните две децении) за време на златната треска, за да ги користат како кучиња кои влечат санки, особено за обложување на нив. Малите, брзи и со тежина од 44 до 54 кг ја освоиле публиката на номадските обложувалници. Леонард Сепала, поранешен одгледувач на сибирски хаски, учествувал во натпревари во времето од 1909 до средината на 1920 година.[2] На 3 февруари 1925 година, Гунар Касен бил првиот кој го вовел серумот дифтерија во трката од 1925 година. Ова претставувало групен придонес за неколку кучиња. Идитаорд трката ја комеморила ваквата достава. Овој случај бил прикажан и во 1995 година во анимираниот филм „Балто“, каде што името на тимот на Гунар Касен го претставувал тимот Балто, иако овој лик во филмот всушност бил претставен како пола волк. Во чест на овој филм, му била врачена бронзена статуа во Централ Парк во Њујорк. Статуата била изгравирана со натписот: „ Посветена на непобедливиот дух на кучињата влечачи, кои во зимата 1925 година, преку предавнички води, претрчаа голема километража. Издржливост-- верност-- интелигенција“. Во 1930 година, последните сибирски хаски биле испратени во руската влада, блиску до границите на Сибир за надворешна истрага. Девет години подоцна, оваа раса биле регитрирана и во Канада. Најистакнатиот одгледувач на раси од типот на сибирските хаски бил Артур Валден, кој воедно бил и сопственик на најголемиот кучкарник Чинок во Воналанцет. Во 1933 година, адмиралот Ричард Берд со себе земал 50 сибирски хаски на експидиција околу Антарктикот. Кучињата биле дресирани во кучкарникот Чинок. Операцијата била наречена Хигјумп, историска патека која ја покажала вредноста на сибирските хаски со својата големина и брзина. Сибирските хаски се покажале мошне добро во армијата на САД за време на Втората светска војна.
Појава
уредиСибирските хаски се многу слични со маламутите од Алјаска, како и со друѓи Шпиц раси како самојед,кој пак има споредлива историја во однос на хаските. Ги има во различни бои и стилови, обично со бели шепи и нозе, со обележја на лице и на врвот на опашката. Најчесто застапени бои се бела и црна, црвенишкави или бели, сиви и бели, чисто бели, или пак шарени. Карактеристични се и гримасите на нивните лица. На прв поглед наликуваат на волк.
Тие се помали од маламутите.
Очи
уредиОчите на сибирските хаски се ледено-сини, темносини, килибарни или кафени. Кај некои кучиња, едното око може да биде кафено а другото сино (комплетна хетерокромија), или пак едното или двете очи може да бидат „делумно обоени“ т.е. пола кафено- пола сино (делумна хетерокромија).Сите вакви комбинации на очи се прифатени од страна на америкнаскиот кучешки клуб, во кој исто така се наведува дека очите им се во форма на бадем. "
Крзно
уредиКрзното на сибирската хаска е подебело за разлика од другите видови на кучиња и е составено од два слоја: Густ долна основа, додека горниот слој им е покриен со кратки,прави влакна. Тоа го штити кучето од суровите арктички зими, но крзното рефлектира топлина и во лето. Може да издржи температура и до −50 °C и −60 °C. Крзното бара внимателно одгледување, бидејќи долгите влакна кај сибирските хаски претставуваат голема негативност, особено кај кучињата за изложби.
Нос
уредиВо некои случаи, кај хаските се појавува состојба која е позната под името „зимски или снежен нос“. Или пак хипопигментација. Во ваквата состојба, не може да се забележи носот, дали е истакнат или сплескан. Носот кај сивите хаски е црн, кафен кај црните.
Големина
уредиСтандардната големина на мажјаците иснесува помеѓу 53 и 60цм, а тежината од 20 до 27 кг. Женките се помали и нивната големина изнесува од 51 до 56 см, а тежина од 16 до 23кг.
Однесување
уредиСибирските хаски се опишани како пример за однесување. За нив се вели дека тие подобра знаат да завиваат отколку да лаат. Хиперактивноста е особено актуелна кај овој вид на кучиња. Обожажаат да трчаат. Чувствителни се, но и независни. Доволен е петнаесет минутен тренинг за да се одржуваат активни. На листата за интелигенција на кучиња на Стенли Коре, сибирските хаски се наоѓаат на 45то место. Ориентирани се кон трчање, бидејќи пред сè тие се една од првите раси кои се појавиле, а воедно претставувале кучиња кои влечеле санки. На сопствениците им се препорачува да бидат особени внимателни кога ги пуштаат своите кучиња на слобода, бидејќи тие пред да трепнат, кучињата веќе се далеку од очи. Мошне лесно може да им стане досадно, па така препорачливо е играње со играчки или топки. Доколку не го добијат соодветниот третман, може да се променат во своето однесување, како на пример да гребат по намештајот или да плачат.
Интелигентност
уредиСибирските хаски се многу интелигенти, Меѓутоа, и покрај нивната интелигентност, може многу лесно да се досадуваат и да престанат да ги слушаат командите. Многу дресери настојуваат да ги одржуваат зафатени давајќи им нови активности. Хаските се огромни набљудувачи на акциите на луѓето, па честопати ги повторуваат домашните активности како гасење светло и отворање на врати со нивните заби. Постојат и одредени ситуации кои се непријатни, како на пример можат да го отворат фрижидерот ( и да ја изедат целата храна во него), да копаат дупки за да избегаат. Меѓутоа, ваквото однесување може да биде спречено доколку кучето е доволно зафатено со најразлични занимања.
Здравје
уредиСо соодветна нега, сибирските хаски можат да живеат од дванаест до петнаесет години. Здравствените проблеми кај овој вид раси пред сè е генетски и се состои од болести во очите: Младинско перде, дистрофија и ретинална атрофија Хип диспласијата не е карактеристична за овој вид на кучиња, но таа може да се појави кај оние со средни или големи заби. Според ортопедската фондација за животни, сибирските хаски се рангирани на 148 место од 153 кои имаат ризик од хип диспласија. Сибирските хаски се употребуваат за тркање со санки, па затоа тие може да бидат склони и на други заболувања како гастритис, бронхитис или бронхопулмонари или загнојување.
Улога
уредиСибирските хаски сè уште се употребуваат како кучиња за влечење на санки или тркање со санки. Особено се познати за тркање и се најбрзи од сите слични видови. Денес, овој вид на раса е поделен на кучиња кои се тркаат или кои се изложуваат. Оние кои се тркаат се многу по активни во нозете, сè со цел да претрчат повеќе. Додека оние кои се изложуваат се помали и поситни. Освен за тркање со санки, особено се популарни за рекреација. Поради недостатокот на снег во Велика Британија и Австралија, сибирските хаски се одгледуваат и во шума со специјално дизајнирани скутери со две тркала за едно или две кучиња, или со три тркала за три и повеќе кучиња. Познати сибирски хаски Сибирските хаски биле особено популарни во Додека Того ја трчал најдолагата трка, Балто го вратил серумот кај номите. Балто се стекна со поголема слава за разлика од Того( Того бил љубоморен на Балто и Гунар Касен), но тој и Леонард сепак добија пофалница. Многумина веруваа дека зад оваа приказна се крие уште нешто,бидејќи и Леонард едноставно верувал дека Того заслужил многу повеќе отколку само пофалница. Во секој случај, сибирските хаски ја стекнале својата популарност во овој период.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Derr, Mark (2004-05-21). „Collie or Pug? Study Finds the Genetic Code“. The New York Times. Посетено на 2009-09-14.
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2008-10-18. Посетено на 2010-04-19.
Надворешни врски
уреди„Сибирски хаски“ на Ризницата ? |