Сибирската Леди Магбет

„Сибирската Леди Магбет“ (српски: Сибирска Леди Магбет) — филм на режисерот Анджеј Вајда од 1961 година, снимен по расказот „Леди Магбет од Мценската околија“ на Николај Лесков, кој е инспириран од познатата трагедија на Шекспир, „Магбет“. Главните улоги ги играат: Оливера Марковиќ, Љуба Тадиќ, Капиталина Ериќ, Миодраг Лазаревиќ, Бојан Ступица и Бранка Петриќ.[1]

Синопсис

уреди

Дејствието на филмот се одвива во едно провинциско село во царска Русија, каде сопругата (ја игра Марковиќ) на месниот благородник започнува љубовна врска со кметот Сергеј (го игра Тадиќ). Оваа недозволена врска предизвикува крвопролевање...

Наводи

уреди