Се случило на денешен ден
„Се случило на денешен ден“ (српски: Догодило се на данашњи дан) – југословенски филм од 1987 година, во режија на Мирослав Лекиќ. Главните улоги ги толкуваат: Жарко Лаушевиќ, Срѓан Тодоровиќ, Оља Беќковиќ и Марица Вулетиќ.[1]
Синопсис
уредиДејствието на филмот се одвива во Белград во 1960-тите. Во една зграда со неколку влеза и со заеднички двор живеат млади луѓе кои се разликуваат по општествената положба и по начинот на размислување, но имаат слични ставови во однос на љубовта, пријателството и самопотврдувањето. Нивните природни импулси често се под влијание на општествените настани (работните акции, првомајските паради). Меѓутоа, нивното созревање се одвива по воспоставените правила. Она што се случува во дворот на зградата станува само проекција на искуството на една генерација.
Наводи
уредиОваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |