„Сестрата Кери“ (англиски: Sister Carrie) — роман на американскиот писател Теодор Драјзер од 1900 година.

Содржина

уреди

За делото

уреди

Својот прв роман, „Сестрата Кери“, Драјзер го објавил во 1900 година откако го привлекол вниманието на Френк Норис, лектор во една издавачка куќа. Книгата му била толку непријатна на еден член на издавачката куќа (или на неговата сопруга), што била објавена без никакво воодушевување и се продала во мал број примероци, но наишла на малку подобар прием во Англија. Веројатно, за ликот на Кери Драјзер бил инспириран од сестра му, која побегнала со некој оженет човек од Чикаго во Њујорк, каде што живеела доста удобно, а Драјзер живеел некое време во нејзината куќа. Во романот, Драјзер ја опишува повеста на една девојка која од своето мало место се сели во Чикаго, каде се вљубува во едне човек, а потоа во друг за најпосле да ги надмине двајцата. Вториот маж, Херствуд, поради Кери ги остава жената, децата и својата работа, но и покрај тоа ја губи Кери, по што запаѓа во тешка беда и извршува самоубиство. Во последната глава од романот, Кери Мигер постигнува успех во театарската кариера и неа ја чека светла иднина и токму тоа било причината за ужасот кај публиката, која била навикната на схематското прикажување на жените во романите. Пред овој роман, никој во американската книжевност не раскажал толку верни животни приказни и не опишал такви ликови. „Сестрата Кери“ наишла на подобар прием во Англија отколку во САД.[1]

Наводи

уреди
  1. Карл ван Дорен, во: Теодор Драјзер, Америчка трагедија. Београд: Просвета, 1955, стр. VIII-X.