Седум светци (Филипо Липи)
Седум светци ― слика на темпера на панел на италијанскиот ренесансен мајстор Филипо Липи, која датира од ок. 1449–1459, во збирката на Националната галерија, Лондон. Тоа е приврзок на Благовештението на Липи, исто така во Националната галерија. Лунетите биле нарачани како дел од украсување на Палатата Медичи во Фиренца, каде што најверојатно биле поставени над некоја врата или кревет.[1]
Творец | Филипо Липи |
---|---|
Година | ок. 1449–1459 |
Димензии | 68 см × 151.5 см |
Место | Национална галерија, Лондон, Обединето Кралство |
Постои општа согласност за авторството на Липи на панелите, но нивното датирање е помалку сигурно; тие биле произведени извесно време помеѓу раѓањето на Лоренцо Величествениот во 1449 година и завршувањето на опремувањето на палатата во 1459 година.[2] Дека нивниот покровител припаѓал на семејството Медичи сведочи присуството на грбот на Пјеро ди Козимо де Медичи во другата лунета, како и врската помеѓу светците прикажани на овој панел и машките членови на семејството. Пјеро ди Козимо живеел во Палатата Медичи од 1456 година.
Во средината е Свети Јован Крстител, светец-заштитник на Фиренца, опкружен со светите Козма и Дамјан (заштитници на Медичи, а особено на Козимо де Медичи, таткото на Пјеро). На десната страна, во преден план е Свети Петар Веронски, заштитник на Пјеро ди Козимо де Медичи, а до него е Свети Јован Евангелист, заштитник на неговиот брат Џовани. На левата страна, во преден план, се Свети Франциско Асишки, патронот на Пјерфранческо Постариот (братучедот на Пјеро) и Свети Лоренс, покровител на неговиот вујко, Лоренцо Постариот.
Двете лунети биле купени во 1855 година од браќата Мецгер од страна на Сер Чарлс Истлејк и дарувани на Националната галерија во 1861 година.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Fra Filipp Lippi | Seven Saints | NG667 | The National Gallery, London“. The National Gallery. The National Gallery. Посетено на 12 јули 2022.
- ↑ Wilson, Michael (1977). The National Gallery, London. London: Orbis Publishing Limited. стр. 30. ISBN 0 85613 314 0.
- ↑ Capretti, Elena. „Palazzo Medici -'Seven Saints', by Filippo Lippi - Mediateca di Palazzo Medici Riccardi“. Mediateca di Palazzo Medici Riccardi. Provincia di Firenze. Посетено на 12 јули 2022.